Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Наместо обединувач, Сиљановска избра да биде дел од партиската поларизација
Македонија

ДУИ: Наместо обединувач, Сиљановска избра да биде дел од партиската поларизација

06/05/2025

AA

Во време кога мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија е под сериозна закана, Претседателката Гордана Силјановска Давкова отворено се позиционираше на страната на Владата, занемарувајќи ги механизмите за заштита од етничка мајоризација, велат од ДУИ во соопштение до јавноста.

„Со нејзината изјава дека „не е важно колку  пратеници Албанци ќе го напуштат парламентарното мнозинство, сѐ додека Владата има 61 пратеник – нема потреба од предвремени избори“, Претседателката испраќа јасна порака дека етничкиот баланс и чувствителноста на коалициските партнерства не се дел од нејзиниот политички приоритет.

Силјановска многу лесно ја напушти клучната улога која Претседателот на државата треба да ја има – да биде фер арбитар на различните политички позиции со цел да ги обединува сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или било каква друга припадност.

Наместо обединувач, таа избра да биде дел од партиската поларизација.

Наместо да биде глас на уставната обврска за градење соживот и консензус, Претседателката избра да стане гласноговорничка на едноетничката доминација.

Овој пристап потсетува на темните времиња кога мајоризацијата, прикриена зад „мерит системи“ и „почитување на закони“, беше средство за системско потиснување на Албанците.

Очигледно е дека сѐ додека не се обезбедат дополнителни уставни и политички механизми кои ќе ја гарантираат консензуалноста во изборот и дејствувањето на функцијата Претседател, оваа функција ќе остане перцепирана како исклучиво етничка – насочена само кон потребите на македонскиот народ.

Доколку Силјановска Давкова не ја преиспита својата позиција, таа ризикува да биде призната само од дел од населението.

Албанската народ нема да ја препознае нејзината функција како своја, туку како отуѓена и неавтентична за мултиетничкиот карактер на државата“, се вели во соопштението на ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Од вторник температурите ќе

21/11/2026
Македонија

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ СЕ ДОСТАПНИ И ЗА МЛАДИТЕ Забраната на хартија

21/11/2026
Македонија

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата

20/11/2026
Македонија

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ

20/11/2026
Македонија

Саудиска Арабија прва во светот во дигиталните владини услуги, ја

20/11/2026
Македонија

НЕМА СИГНАЛИ ДЕКА СЕ ПЛАНИРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Илија Димовски очекува

20/11/2026
Македонија

НАСИЛСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ НА ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА Владата

20/11/2026
Македонија

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ СО БЛОКАДА ПРЕД ВЛАДАТА Протест против фемицидот

20/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46863
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Од вторник температурите ќе бидат пониски

21/11/2026

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд претежно во западните и североисточните делови од земјава. Во текот на

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ СЕ ДОСТАПНИ И ЗА МЛАДИТЕ Забраната на хартија не значи и вистинска контрола

21/11/2026

Забраната за продажба на никотински производи на малолетници испраќа јасна порака: овие производи не се за нив. Но меѓу она

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата ги приведе

20/11/2026

Полицијата во четвртокот вечерта во Скопје привела две малолетни девојчиња, кои биле пријавени дека пресретнале друго девојче, кое го тепале

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy