Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција
Македонија

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

06/05/2025

AA

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма која во минатото ДПМНЕ ја обвинуваше за коруптивни тендери. Токму за оваа компанија, додека беше во опозиција, ДПМНЕ обзнани скандал дека МВР на Оливер Спасовски незаконски доделило исти ваков тендер, иако компанијата не ги исполнувала критериумите, велат од Левица во соопштение.

„За оваа компанија, ДПМНЕ на пресови обвинуваше дека поради блискоста  со поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од СДС, „Дон Холдинг” добива тендери од Оливер Спасовски и повикуваше обвинителството да отвори постапка. Наместо МВР под Панче Тошковски да ги истражи скандалозно доделените тендери од СДС на оваа компанија, сега сведочиме дека неговото министерство повторно ги склучува истите сомнителни тендери со „Дон Холдинг”.

Како истата компанија која била обвинувана од ДПМНЕ за криминоген скандал и блиска до СДС, сега е подобна за Тошковски да ѝ додели тендер од 575.000 евра? Наместо расчистување на криминалите на СДС и ДУИ, фирмите кои добивале тендери од претходната власт, продолжуваат да бидат бизнис-партнери и на новата влада на Мицкоски. 

Истиот случај како со криминалниот проект на „Бехтел и Енка”, чии закони Левица ги блокираше, а сега сведочиме како владата на ДПМНЕ го зацементира овој проект, без да поведе никаква ревизија како што најавуваше. Наместо расветлување на криминалите од минатото, ДПМНЕ ги продолжува контроверзните зделки на СДС и ДУИ, овој пат директно од министерството на Тошковски. Левица јавно го прашува Тошковски: дали е политичко лешинарење делење тендери на компанија за која неговата партија обзнанувала криминални скандали и барало истрага за истите?!“ – се вели во соопштението на Левица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ИЗНЕСУВА НЕВИСТИНИТИ, НЕТОЧНИ И МАНИПУЛАТИВНИ НАВОДИ Реакција од АЛТА

12/12/2025
Македонија

ЗНАМ бара коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од

12/12/2025
Македонија

ФОРМИРАЛ ЛАЖНА КОМИСИЈА ЗА ДА ПРОДАДЕ ДРЖАВЕН ИМОТ Злоупотреба во

12/12/2025
Македонија

Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа на пругите

12/12/2025
Македонија

ВИШОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ИМА НОВА ШЕФИЦА Хајрулахи заминува, Крстевска Цалева

12/12/2025
Македонија

Наташа Крстевска Цалева – нова в.д. шеф на Вишото јавно

12/12/2025
Македонија

Откриени низа пропусти во службите за Итна помош и јавните

12/12/2025
Македонија

МРАЗ НАУТРО, СОНЦЕ ЌЕ ГРЕЕ НАПЛАДНЕ Метеоролозите најавуваат магла, облачност

12/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38861
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ИЗНЕСУВА НЕВИСТИНИТИ, НЕТОЧНИ И МАНИПУЛАТИВНИ НАВОДИ Реакција од АЛТА Банка АД Битола, екс-Стопанска банка

12/12/2025

Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните

ЗНАМ бара коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од изјавата на пратеникот и потпретседател

12/12/2025

Движењето „За наша Македонија“ побара ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од изјавата на пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски,

ФОРМИРАЛ ЛАЖНА КОМИСИЈА ЗА ДА ПРОДАДЕ ДРЖАВЕН ИМОТ Злоупотреба во Делчево тешка 7.000 евра

12/12/2025

Советник-даночен извршител од општина Делчево е пријавен за сериозни злоупотреби на службената должност, откако бил откриен обид незаконски да се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy