
ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ: Се насука чамец полн со туристи, високите бранови направија хаос (ВИДЕО)
Туристички брод со 38 патници се насука вчера на карпата Вела Сика кај Лопар, на островот Раб во Хрватска.
„Бродот превезуваше американски и белгиски туристи. Добивме дојава дека бродот се насука во 9 часот и 36 минути, Капетанијата на пристаниште не контактираше бидејќи имаме противпожарен брод. Имаше силно невреме и условите за приближување до бродот беа речиси невозможно“, велат спасувачите.
Тие сепак испловиле во 10:36, но поради големите бранови спасувањето било исклучително тешко, пренесува „Курир.рс“.
Бидејќи бродот беше заглавен на карпа, беше прилично плитко и моравме да внимаваме да не се насукаме“, изјави командантот на спасувачите од Лопар, Станислав Франелиќ.
„Во 13:00 часот сите 38 патници ги однесовме во Лопар и ги сместивме во Противпожарната станица Лопар. Таму им организиравме освежување и хотелско сместување“, додаде тој.
Фото: Принтскрин/Фејсбук