Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Иако вчера имаше 10 пожари на отворено, за последните три денови просекот е по 30-ина дневно
Македонија

ЦУК: Иако вчера имаше 10 пожари на отворено, за последните три денови просекот е по 30-ина дневно

26/09/2023

AA

Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 10 пожари на отворен простор и противпожарните тимови сите пожари до утрово ги изгаснале. Бројката од 10 пожари изгледа мала, за разлика од неделата кога имаше и беа изгаснати 45 пожари, односно за викендот, за два дена – во саботата и неделата имаше и беа изгаснати 71 пожар. Практично, просекот за последните три денови е по 30-ина дневно пожари на отворено, на целата територија на државата.
Вчерашните пожари при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума биле во општините: Долнени, Гази Баба, Липково, Чучер Сандево, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и во Општина Крива Паланка.

Инаку, од поврзани информации со пожарите, а важни за граѓаните, издвојуваме две.
Конкретно, вчера во 17:56 часот е добиена информација за палење запаливи материјали на ул. „Иван Хаџиниколов“ во близина на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба „Драчево“ во Општина Кисела Вода. Како последица на пожарот се ширел густ чад и неподнослива миризба. За оваа ситуација, РЦУК Скопје веднаш ги известил МВР и Инспекторатот за животна средина на Град Скопје за нивна понатамошна постапка.
Ја пренесуваме и информацијата од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД Скопје“, дека поради пожар на отворен простор и опожарување на железничките прагови, железничкиот сообраќај не се одвива на пругата Велес – Битола.

ЦУК апелира до граѓаните, и покрај влажните метеоролошки услови, да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација што се уште е сува, а е и многу нарасната оваа година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy