Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драма во Јане: Кошаркар на МЗТ 2 доби силен удар во гради, па колабираше на терен (ВИДЕО)
Спорт

Драма во Јане: Кошаркар на МЗТ 2 доби силен удар во гради, па колабираше на терен (ВИДЕО)

06/04/2025

AA

Голема драма беше видена на вечерашниот второлигашкиот меч помеѓу МЗТ Скопје 2 и Соколи 1933, кога на почетокот од третата четвртина на теренот колабираше еден од кошаркарите на домашната екипа од Аеродром.

Инцидентот се случи кога во напад беа младите „металци“, при што искусниот Никола Караколев во обид да одигра добра одбрана силно се заби во некогашниот младински репрезентативец, Дино Лазаров. Ударот беше толку силен што младото момче од Кочани летна на паркетот, каде што извесно време се превиткуваше, по што стана со помош на соиграчите. Потоа се упати кон соблекувалната за да му биде укажана лекарска помош, кога одеднаш му се слоши и колабираше на паркетот.

Тоа беше аларм сите од двата тима да се стрчаат за да му помогнат. Потоа дојде и лекарската екипа присутна на натпреварот, која потоа ја презеде грижата за Лазаров. Несреќниот кошаркар потоа беше извесен на носилка и однесен во болница на дополнителни испитувања. Последните информации велат дека младиот кошаркар нема посериозна повреда и дека се чувствува добро.

Натпреварот беше во прекин при водство на Сокол 1933 (39-37) на осум минути до крајот на третиот период, а продолжи дури по повеќе од еден час.

* Инцидентот се случува на 8:05 до крајот на третата четвртина

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44905
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16 лица, тројца се во критична

07/08/2026

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаразени

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy