Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драма и солзи на судењето: Обвинителката се расплака додека го читаше исказот на Манев
Македонија

Драма и солзи на судењето: Обвинителката се расплака додека го читаше исказот на Манев

12/03/2025

AA

На денешното судењето за убиствата на Вања и на Панче беше драматично и тажно, каде што исказ дава еден од обвинетите Велибор Манев.

Велибор Манев искажа грозоморни детали околу тоа како било планирано киднапирањето на Панче Жежовски, а потоа и на Вања Ѓорчевска, и дека всушност целата операција не се одвивала според планот.

Манев денеска кажа дека Панче требало да биде пикнат во дупка, и таму да седи 24 часа, а со неговото возило да се киднапира жена околу 40 години, и потоа да се побараат пари за откуп.

Меѓутоа и Манев останал изненаден кога Палчо веднаш го застрелал Панче Жежовски. Исто така било и при грабнувањето на Вања. Најпрво мислеле дека грабнуваат некоја повозрасна жена, а кога виделе дека е дете, мислеле дека е грешка. Меѓутоа Палчо потоа со перница во рака и со пиштол ја застрелал и Вања Ѓорчевска.

Поради тоа што исказите на обвинетиот Манев на денот кога беа пронајдени телата, не се поклопува со денешниот, обвинителството ги читаше првите два искази на Манев дадени во декември 2023 година.

Во еден момент додека читаше, обвинителката Ана Стојковиќ-Димитриовска се расплаче, па продолжи со читање другата обвинителка Жаклина Јосифовска.

Претходно и на таткото на Вања, Александар му беше влошена состојбата кога Манев објаснуваше како ја киднапирале Вања, па имаше пауза од судењето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Солзи радосници на ГАК: Малата Бисера по 82 дена замина

03/09/2026
Македонија

Личната карта и возачката дозвола наскоро во телефон: Во октомври

03/09/2026
Македонија

Кошаркарски тренер од Охрид е жртвата во стравичната несреќа на

03/09/2026
Македонија

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е стабилно, но

03/09/2026
Македонија

Петровска бара надзорна расправа за дата-центрите: „Граѓаните имаат право да

03/09/2026
Македонија

Влезот на концертот на Дејвид Гета само со нараквица: Влезниците

03/09/2026
Македонија

Две лица од Кина пронајдени починати во стан во Скопје

03/09/2026
Македонија

Мицкоски не стравува од истрагата за Унгарскиот кредит: Средствата се

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45429
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Солзи радосници на ГАК: Малата Бисера по 82 дена замина во прегратките на родителите

03/09/2026

Една мала борба заврши со голема победа. По цели 82 дена поминати на одделот за интензивна нега, малата Бисера конечно

Личната карта и возачката дозвола наскоро во телефон: Во октомври ќе биде промовирана m.Uslugi

03/09/2026

Телефонот наскоро би можел да стане место каде граѓаните ќе ги имаат своите најважни лични документи. Министерот за дигитална трансформација

Кошаркарски тренер од Охрид е жртвата во стравичната несреќа на патот Охрид-Кичево!

03/09/2026

Трагичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево го однесе животот на 33-годишниот Антонио Савески, тренер во младинската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy