Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Достоинство излегува од коалиција со СДСМ, една од причините е необештетување на воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители!
Македонија

Достоинство излегува од коалиција со СДСМ, една од причините е необештетување на воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители!

24/03/2024

AA

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов информираше дека партијата излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

„Поради неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, во согласност со моите јавни укажувања и барања од мај, минатата година, повторени во многу мои јавни настапи во периодот потоа, „Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од СДСМ“, рече Ангелов.

Според него, иницијативите на партијата, поднесени до Владата и Собранието, нуделе решение за овој проблем, и иако добивале поддршка од екс премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, истите не поминале поради противењето на ДУИ.

Ангелов информираше дека и предложил оставка од позицијата директор на Центарот за управување со кризи до Ковачевски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, но од нивна страна не било прифатено, со што тој останува да го води Центарот до формирање на следна Влада.

Лидерот на Достоинство вели дека проблемот со необештетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители не е единствена причина за излез од коалиција, и додаде дека раководството минатата недела донело одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

„Во разговорите со ВМРО – ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме, ниту ни беше понудено. Нашиот фокус како репрезент на македонските бранители од 2001 година не е освојување на пратеничко место, туку барање на решенија за проблемите на припадниците на безбедносните сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001 година како и борба за нивните права,“ рече тој.

На новинарско прашање дали имаат некои ветувања од ВМРО -ДПМНЕ во однос на исполнување на барањата за бранителите, Ангелов посочи дека еден дел сигурно ќе помине, затоа што ВМРО–ДПМНЕ пружиле поддршка на иницијативата со Предлог- закон од Достоинство.

„Пред околу осум месеци ВМРО – ДПМНЕ самите поднесоа Предлог-закон кој што содржеше решение за овој проблем и понуди некои симболични, но, сепак, права за сите македонски бранители. Тоа ми дава надеж дека она што го предложија, доколу формираат влада, ќе успеат да го поминат во Парламентот“, рече Ангелов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy