![ШОКАНТНА СНИМКА ОД КЛУБ ВО ХРВАТСКА: „Сестра ми ја прегазија, другар ми беше запален“ (ВИДЕО)](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/20240324134704-850x560.webp)
ШОКАНТНА СНИМКА ОД КЛУБ ВО ХРВАТСКА: „Сестра ми ја прегазија, другар ми беше запален“ (ВИДЕО)
Настап со „палењето на шанкот“ во ноќниот клуб Монако во Карловац утрово околу 2 часот и 30 минути излегол од контрола и завршил трагично. Алкохолот се запалил на шанкот, но се проширил и меѓу гостите и луѓето буквално почнале да горат.
Седум лица побарале лекарска помош, четири лица се тешко повредени, едно екстремно тешко и се наоѓа на одделението за интензивна нега, потврди директорката на Општата болница во Карловац, д-р Ивана Ковачиќ.
Сите повредени се женски лица. Директорката за медиумите потврдила дека две од тешко повредените имаат изгореници од втор степен, едната е оквалификувана како тешка телесна повреда бидејќи и е повредено лицето, па поради можен респираторен стрес е на интензивна нега. Друга има изгореници на горниот дел од телото. Двете се родени во 2002 година, а најстарата повредена пациентка од споменатата група е родена во 1983 година, рече Ковачиќ.
Порталот „Јутарњи лист“ стапил во контакт со Бернарда Ренко, која била во Монако со нејзината сестра Викторија. Двете се повредени и се уште се во шок.
– Келнерката го запали шанкот и не знам, запали ќибрит, претпоставувам огнот се прошири и кај нас, целата лева страна од главата, односно косата ми се запали, потоа видов дека еден од моите најдобри пријатели Ивица гореше, се фрлаше и се тркалаше на подот, се обидуваме да го изгаснеме, сестра ми ја снема во тој момент, речиси е прегазена, Ивица некако успеавме да го изгаснемее и да го однесеме во итна помош завиткан од глава до пети – рекла девојката.
Таа вели дека видела тешко повредено девојче кое било најтешко повредено и дека рацете и биле тотално изгорени.
– Сопственикот Гордан Фанчев дојде кај нас додека бевме надвор и ѝ рече на сестра ми која врескаше од болки: „Најдобро би било да си отидеш дома, бидејќи си пијана“ – вели Бернарда.
Таа наведува дека нејзината сестра има 15 конци, повредена во стампедо предизвикано од паника. Таа вели дека ја собориле на под и и ја пресекла раката на стаклото. Бернарда има изгореници и трнење во левата рака.
Фото: Принтскрин/Фејсбук