Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Донесена одлука! Се става крај на градењето во зелениот појас на Водно
Македонија

Донесена одлука! Се става крај на градењето во зелениот појас на Водно

20/07/2023

AA

Советниците на општина Центар донесоа одлука со која се се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно.

„Единствен дел од административната територија на Општина Центар кој не влегува во опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје за 2012-2022 година, претставува планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината и затоа со денешната одлука сакаме да ставиме крај на градбите на планината. Мојата заложба како градоначалник е да се стопира секое градење во зелениот појас, тоа го ветив пред граѓаните и тоа ќе го исполнам заедно со општинската администрација. Ниту една зелена педа на Водно нема да биде уништена“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Советниците ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби.

„Советот на Општина Центар преку одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на генералниот урбанистички план на Град Скопје го заштитува од секаква понатамошна експлоатација и злоупотреба“, се вели во испратенот соопштение од општина Центар.

Инаку законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/2020; 111/23) предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, шумско и друго земјиште, крајбрежни појаси и други простори за коишто не постојат услови и/или економска оправданост за донесување на урбанистички план согласно овој закон, а постои соодветен или некатегоризиран сообраќаен пристап, во кој случај урбанистичкиот проект се изработува врз основа на прибавени услови за планирање на просторот, нема да важи за планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
Македонија

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за

18/10/2026
Македонија

СДСМ Е ДЕКЛАСИРАН ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОДДРШКАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА

18/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46244
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА ПУМПА НАМЕСТО СРЦЕ Претседателот на

18/10/2026

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“, кој повеќе од 6 години живееше со механичка пумпа

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3 гласа – кој би победил?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Резултатите од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница отвораат интересно прашање: како би изгледал резултатот доколку гласовите

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за гласање во најдобар ред

18/10/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница денеска заврши во најдобар ред, без нарушување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy