Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство: Инвестиции од 6 милијарди евра за здравство, инфраструктура и образование
Македонија

Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство: Инвестиции од 6 милијарди евра за здравство, инфраструктура и образование

17/05/2025

AA

На денешната заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон во Владата, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, истакнувајќи дека е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

– Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата и фундаментот на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра. Дел од парите ќе бидат за инвестиции во инфаструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестици во здравстото и нови болници, завршување на проектот на Клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот Медицински факултет, студентски дом со капацитет од 900 легла, изградба на болницата во Кичево, заедно со здравствен дом, реконструкција на Клинилката болница во Тетово. Во наредниоте денови ќе се потпишат договори и за овие инвестици, рече Мицкоски на заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон во Владата. 

Амбасадорот Лосон рече дека договорот е врвен момент во билатералната врска меѓу двете земји, изградена на заеднички вредности, заедничко членство НАТО и мошне богата трговска врска.

– Ние сме големи инвеститори и британската Влада реши да го надградува тоа преку договор меѓу двете влади кој се фокусира на трговија и инвестиции за да се креира поголем раст и стотици милиони фунти од кои граѓаните на оваа земја ќе имаат корист заедно со граѓаните на нашата земја, рече Лосон, кој демантираше дека со договорот државава се обврзала на прифаќање мигранти. 

За условите за најавените инвестиции од договорот се работи на деталите и според Мицкоски се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.

  – Ги знам отприлика бидејќи веќе се преговара со месеци и можам да кажам дека се најдобрите што може да ги има на пазарот, но тоа се уште не е финиширано, не е конечно иако сме блоску до конечно решение. Многу скоро од денеска и тоа ќе биде објавено, репер ние Еурориборт,  и два фиксни параметри, грејс период и долг период на отплата, рече Мицкоски  на новинарско прашање.

Со потпишувањето на договорот, Македонија треба да добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46776
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на 35 и 24 години биле

15/11/2026

Две жени од Скопје на возраст од 35 и 24 години се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“ Ива Михаилова по објавените разговори

15/11/2026

Ива Михаилова, девојката од Македонија која побегна во Бугарија за да избегне судење, се огласи со објава на Фејсбук, откако

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА И ПОД ПСИХОЛОШКИ ПРИТИСОК! Бугарски

14/11/2026

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, заедно со аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења дека таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy