Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Додека вршеле увид на несреќа на експресниот пат кај Крива Паланка, ги удриле со друг автомобил
Магазин

Додека вршеле увид на несреќа на експресниот пат кај Крива Паланка, ги удриле со друг автомобил

25/01/2025

AA

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи. Додека се вршел увидот за првата сообраќајна несреќа, на обележната локација влетал друг автомобил и повредил четворица полициски службеници.

Како што информираат од ЈОРСМ, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот, додека неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди. Јавниот обвинител ги презел сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

-Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа. 

Од МВР известија, дека на 24.01.2025 во 13.45 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, во с.Градец, кривопаланечко, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(74) од Крива Паланка, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(80) од Крива Паланка и бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде што починал. Додека со телесни повреди се здобил возачот Б.С. и сопатникот М.П.(47) од Крива Паланка.
 
За време на вршење на увидот, во 17.39 часот, патничко возило „опел корса“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(71) од Крива Паланка, удрило во патничко возило „мерцедес“,сопственост на Јавното обвинителство Куманово и во четири полициски службеници кои биле на увидот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.С.(59) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „опел корса“, двајца полициски службеници и една полициска службеничка, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местот на несреќите извршиле јавен обвинител и увидна екипа на  СВР Куманово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски

04/11/2026
Македонија

 ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до

04/11/2026
Македонија

ВИКЕНДОВ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА Во некои котлини ќе има

04/11/2026
Македонија

КАМИОН УДРИЛ ВО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Со тешки повреди е пренесено

04/11/2026
Македонија

НАЈДЕНО ТЕЛО ПОКРАЈ ИЗГОРЕН АВТОМОБИЛ, ДРУГО ВО НЕГО Полиција ги

04/11/2026
Македонија

ПОСВОЕНИТЕ ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ МОЖНОСТ ДА ГО ДОЗНААТ СВОЕТО ПОТЕКЛО?

04/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО САД: По Зохран Мамдани, Абдул Ел-Сајед станува

04/11/2026
Македонија

ОБЕЗБЕДЕН ЛЕКОТ „ТРИКАФТА“ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Значаен напредок

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46562
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО СЕМЕЈСТВОТО МУСЛИУ? Манасиевски прашува од каде им се

04/11/2026

Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор

 ВНИМАВАЈТЕ ШТО ВИ НАПЛАЌААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ! Предупредување од ФЗО до пациентите

04/11/2026

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент

ВИКЕНДОВ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА Во некои котлини ќе има и магла наутро

04/11/2026

До недела времето ќе биде стабилно, со сончеви периоди во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy