Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОДЕКА СЕ ЛЕЧЕЛА ОД РАК КОЛЕГИТЕ ЈА „КЛЕВЕТЕЛЕ“, БИЛЕ ЗГРОЗЕНИ И ОД ТОА ШТО ОСТАНАЛА БЕЗ КОСА: Ова е сторија за Хрватка болна од канцер на дојка
Регион

ДОДЕКА СЕ ЛЕЧЕЛА ОД РАК КОЛЕГИТЕ ЈА „КЛЕВЕТЕЛЕ“, БИЛЕ ЗГРОЗЕНИ И ОД ТОА ШТО ОСТАНАЛА БЕЗ КОСА: Ова е сторија за Хрватка болна од канцер на дојка

28/01/2024

AA

Мајка на две
деца, храбра, паметна, горда, убава, чудо од жена, ова се зборовите со кои
пријателите ја опишуваат Аница Гусак Крајновиќ на која пред шест месеци и бил
дијагностициран рак на дојка. Зад неа се веќе операцијата, хемотерапијата и
зрачењето, но и горчливиот вкус поради поплаките што нејзините колеги ги испраќале
до ХЗЗО.

Аница не се
замара премногу за тоа и е фокусирана на закрепнувањето, но нејзините пријатели
не останаа рамнодушни на мобингот и дискриминацијата што ја трпеше бидејќи
боледува од рак. Според нејзините колеги, освен што „планирала“ да се разболи
од рак, се дрзнала дури да оди на боледување за – хемотерапија.

Ваков мејл
испратиле до Хрватскиот завод за здравствено осигурување, поради што нејзиниот
лекар морал да испрати дополнителна документација дека Аница е навистина болна
и дека има уредно боледување. Кога се вратила на работа без коса, тоа веројатно
било доволен доказ дека има рак, но потоа до HZZO бил испратен нов мејл дека
ќелавата Аница била лоша кон некои вработени, а потоа секако и кон клиентите.

47-годишната
Аница е вработена во Центарот за социјални работи во Славонски Брод и, како што
вели, 90 отсто од колегите и даваат огромна поддршка во борбата против ракот.
Сепак, има и оние неколку „колеги“ кои се обидоа да и ја отежнат и онака
тешката ситуација.

– Губењето на
косата е психички многу тешко, а ваквите коментари ме вратија во времето кога
дознав за дијагнозата – вели Аница за Јутарњи.

– Секогаш кога се
чувствував добро, одев на работа. Работам на компјутер, не се напрегам, а
работата многу ми помогна за менталното здравје. Кога работев не размислував за
болеста, изјавила Аница.

Дел од
коментарите на граѓаните ги критикувааат оние „кои не знаат како е да се
погледнете во огледало и да се гледате себе си без коса, а се осмелуваат да
коментираат.

– Многумина се
камуфлираат под перики, се лажат себеси и другите… ова е храброст. Ова е за
пример и поттик, не за гадење!, стои во коментарот.

Приказната на
Аница стигна и до Ивана Калоѓера, основачот на здружението и порталот „Нисмо саме“,
кој се занимава со информирање и давање поддршка на жените кои се лекувале или
се уште се лекуваат од рак. Таа го осуди однесувањето на нејзините колеги и ја
покани Аница на изложбата „Јас сум сила“ која ќе се одржи на 5 февруари во
Градската библиотека во Славонски Брод.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy