Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОДЕКА КУЗЕСКА Е НА ЗИМУВАЊЕ, ЈА МЕНУВА ФИЛИПЧЕ Од ВМРО-ДПМНЕ му рекоа на Венко да не се жали од медиумите како тетка на чешма
Македонија

ДОДЕКА КУЗЕСКА Е НА ЗИМУВАЊЕ, ЈА МЕНУВА ФИЛИПЧЕ Од ВМРО-ДПМНЕ му рекоа на Венко да не се жали од медиумите како тетка на чешма

22/01/2026

AA

Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДСМ е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и на менторот Заев, кои го доведоа СДСМ на вака ниски гранки, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес конференција на лидерот на СДСМ.

„Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДСМ, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите. Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаjа врз СДСМ и народот сето тоа го гледа. Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси. Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДСМ е партија на многу интриги и проблеми. На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал поради што секој мисли дека се криминалци“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека наместо да кажува факти, Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“.

„Тие ‘октоподи’ седум години му служеа на СДСМ како портпароли, додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста. Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца,

30/07/2026
Македонија

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

30/07/2026
Македонија

Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите

30/07/2026
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44761
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок на гас

30/07/2026

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна нова акција за директна помош на граѓаните, со цел транзиција кон поекономично

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени 241 лице, пресечен меѓународен транспорт

30/07/2026

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во

30/07/2026

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy