Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доцна се разбудија: МЗТ со пораз од Широки до старт на  плејофот против – истиот ривал (ФОТО)
Спорт

Доцна се разбудија: МЗТ со пораз од Широки до старт на плејофот против – истиот ривал (ФОТО)

24/03/2024

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје од петтата позиција ќе влезат во плејофот во АБА2, откако вечерва загубија водуелот против Широки (79-82) што беше директна пресметка за епитетот најдобра несрпска екипа во регуларниот дел од сезоната.

Аеродромци во најголем дел од средбата беа во ептен инфериорна позиција, но на крајот ја искористија индифирентноста на противникот па по негатива од дури 24 поени дојдоа до ситуација да имаат два шута за изедначување и продолжение. Но, Харис Делалиќ ги промашу двата удари, што значеше и крај на надежите за чудо во салата „Пецара“ во Широки Брег.

Босанскиот тим со серија 13-2 на самиот почеток најави победа, а до крајот на првиот период дојде до првото двоцифрено водство (25-15) најавувајќи го крајниот епилог. Домашните кошаркари на крајот од втората и почетокот од третата четвртина со 11 поени во низа дојдоа до плус 17 (48-31). Кон средината на овој ден негативата на МЗТ дојде и до минус 24 (41-65) со што личеше дека пропаднаа дури и микроскопските шанси за целосен пресврт. Но, во последните две ипол минути избраниците на тренерот Васко Атанасов заеиграа многу подобро и со серија 16-0 дојдоа на само минус три и тоа во два наврати, но тоа беше најмногу што направија.

Кошаркарите на Широки шутираа фантастично од далечина и додека ја градеа предноста го погодуваа секој втор шут за тројка, за да завршат со 11 погодоци од оваа позиција, додека аеродромци ги промашија првите десет удари за три поени. Ако на ова се додаде огромната доминација на противникот во скок-играта (45-31) тогаш е јасно зошто македонскиот шампион претрпе убедлив пораз.

Марко Баковиќ со 16 поени и осум скока беше нешто подобар од останатите во сино-белиот тим, трагичарот Делалиќ заврши со 12 поени, додека Војдан Стојановски застана на 10 поени. Мора да се напомене дека македонскиот тим играше без Дамјан Стојановски, кој се повреди во финишот од претходниот дуел со Златибор.

МЗТ Скопје во четврт-финалето од АБА2 ќе игра токму против Широки и тоа во два меча на кош-разлика. Првиот дуел е закажан за 10 април во Скопје, додека реваншот е седум дена подоцна во Широки Бријег.

АБА2 ПЛЕЈОФ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (10 и 17 април)

(1) Спартак Суботица – Хелиос

(2) Војводина – Сутјеска

(3) Златибор – Подгорица

(4) Широки – МЗТ СКОПЈЕ

ПОЛУФИНАЛЕ (24 април и 1 мај)

(5) Победник 1 – Победник 4

(6) Победник 2 – Победник 3

ФИНАЛЕ (8 и 14 мај)

Победник 5 – Победник 6

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy