Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Добредојде“ за туристите! Ќе поскапи ли смeстувањето во охридските хотели до 20 отсто?
Економија

„Добредојде“ за туристите! Ќе поскапи ли смeстувањето во охридските хотели до 20 отсто?

02/04/2024

AA

Најголемата охридска хотелиерска компанија „Метропол“ која управува со 378 сместувачки единици во три хотели веќе најави дека цените за оваа сезона ги зголеми од 15 до 20 отсто. За сметка на тоа проектира профит што би бил 50% повисок од оствареното во 2023 година

Најголемиот хотелски комплекс на охридската ривиера „Хотели Метропол“ ги зголеми цените на своите услуги од 15 до 20 отсто и тоа е официјално објавено во финасискиот план на компанијата.Документот е јавно достапен на информативниот сервис СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност, на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67152

Во своето известување, кое е транспарентно и е во интерес на сите потенцијални инвеститори, компанијата известува дека проектира барем 70.000 ноќевања во 2024 година со што ќе го постигне прагот на рентабилност.

Во своето образложение за зголемувањето на цените на хотелско-угостителските услуги „Хотели Метропол“ елаборира (цитираме):

– Согласно вкупните проектирани трошоци за планирате ноќевања, проектирана инфлација, земајќи ги во предвид и влијанието на конкуренцијата, деловното опкружување и потребните материјални и човечки ресурси, направена е модификација на цените на сите хотелско-угостителските услуги и истите се зголемени во просек од 15-20% за 2024 година во однос на 2023год.

На тој начин придонесуваме во одржување на стабилноста на готовинските текови и ликвидноста на друштвото, а со тоа и остварување на позитивен финансиски резултат како крајна цел,објаснуваат од компанијата.

„Хотели Метропол“ кој на охридската ривиера располага со хотелите „Метропол“ и „Белви“, категоризирани со 4 ѕвезди и „Турист“ со 3 ѕвезди годинава очекува оперативни приходи од 3,65 милиони евра. Тоа е за 8 отсто повеќе од тоа што компанијата го остварила во 2023 година. Оперативните расходи за годинава се проектирани на ниво од 3 милиони евра и ако се реализираат би биле за 6 отсто повисоки од 2023 година.

Добивката компанијата ја проектирала на 631.000 евра што е за 50 отсто повеќе од профитот што компанијата го остварила во 2023 година.

Трите хотели на компанијата „Хотели Метропол“ располагаат со 368 соби и 10 апартмани, односно 378 сместувачки единици. За да го достигне проектираниот цензус од 70.000 ноќевања просечната искористеност на сместувачките капацитети на ниво на трите хотиели би била 25 отсто до целиот годишен капацитет.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy