Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОАЃА ТЕШКА ЗИМА – синоптичарите од соседството предупредуваат: ќе биде „мини ледено доба“, ова не се случило 60 години
Регион

ДОАЃА ТЕШКА ЗИМА – синоптичарите од соседството предупредуваат: ќе биде „мини ледено доба“, ова не се случило 60 години

16/09/2024

AA

По најтоплото лето и низата рекордни топли месеци, имаше најави дека ќе биде топла и есента, а зимата 2024/2025 година поблага. Сепак, според некои прогнози, промените се веќе започнати, а според сите пресметки, ни претстои значително постуден период од очекуваното.

Иван Ристиќ, метеоролог од соседна Србија, вели дека „на планетата Земја дојде до сериозна промена во циркулацијата, нешто што не сме го виделе од 60-тите години на минатиот век кога започна мини леденото доба и дали овој пат ќе биде проследен и со климатските промени останува да се види бидејќи науката знае малку за тоа“.

Во прилог на тоа Ристиќ пренесе текстови од еден интернет портал во кои се наведува дека нешто необично се случува со ураганите, бидејќи во екот на сезоната тие сè уште се мирни, а необично е што и Атлантскиот океан е мирен.

– Од тропската бура Ернесто, која се формираше во Атлантикот во средината на август, нема ураган на повидок, што не се случило во последните 56 години. Научниците се збунети, дотолку повеќе што сите прогнози зборуваа за бурна сезона во која ќе следат силни тропски бури – се наведува во соопштението.

Пустините, исто така, беа погодени од промените, Ел Нињо и Ла Ниња наизменично

Големи промени ги зафатија и пустините, имено, поплава имаше во Мароко и Алжир, во инаку суви и планински пустински предели.

Минатогодишните и овогодишните екстремно високи температури се резултат на феноменот Ел Нињо, но метеоролозите ширум светот велат дека на Ел Нињо му се ближи крајот и дека по кратка неутрална фаза неговото место ќе го заземе Ла Ниња, што значи дека колку се пониски температурите на океаните, толку феноменот ќе станува посилен.

„Веќе нема да бидеме жешка точка на Балканот“

На прашањето што значи тоа за Србија, метеорологот Иван Ристиќ вели дека повеќе нема да бидеме жариштето на Балканот и дека топол воздух од Африка нема да стигне до нас.

– Тоа значи дека зимата треба да биде постудена. Температурата на воздухот во Србија веќе е намалена, посвежо е и има врнежи. Во градовите ќе биде само 14-15 степени. Само кон крајот на септември може да очекуваме да биде 23-24 степени. Сега веќе не можеме да тврдиме дека зимата повторно ќе биде потопла, напротив. Очекувам да биде зима каква што беше во 80-тите години на минатиот век. Светски познатите метеоролошки веб-страници забележуваат и дека зимата ќе биде поинаква, односно постудена – објаснува Ристиќ за „Блиц“.

Актуелните временски услови и стагнацијата на одредени крајности ги нарекува „смиреност пред бура“, а како што веќе најави: поларниот вител дефинитивно го однесе летото од нашиот регион.

– Тоа значи дека зимата треба да биде постудена. Температурата на воздухот во Србија веќе е намалена, посвежо е и има врнежи. Во градовите ќе биде само 14-15 степени. Само кон крајот на септември може да очекуваме да биде 23-24 степени. Сега веќе не можеме да тврдиме дека зимата повторно ќе биде потопла, напротив. Очекувам да биде зима каква што беше во 80-тите години на минатиот век. Светски познатите метеоролошки веб-страници забележуваат и дека зимата ќе биде поинаква, односно постудена – објаснува Ристиќ за „Блиц“.

Поларниот вител го однесе летото, еве што е следно

Актуелните временски услови и стагнацијата на одредени крајности ги нарекува „смиреност пред бура“, а како што веќе најави: поларниот вител дефинитивно го однесе летото од нашиот регион.

-Повеќе од половина зима ја поминавме на терасите во кафеаните, во патики и дуксери, а замислете да е -21 степен. Сите би имале главоболка од студот. Не е наивно. Како што летото ни го отежна секојдневието поради топлотните бранови, истото може да се случи и во зима, но тоа е другата крајност – заклучува тој.

Фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy