
Доаѓа освежување! Температурите паѓаат за 10 степени – утре дожд и грмежи
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 36 до 43 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. T=43°C. P=975hPa. U=18%. V=3m/s. UV index=9.
Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.
