Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Енормна потрошувачка на вода во Скопје – можни прекини и намален притисок
Македонија

Енормна потрошувачка на вода во Скопје – можни прекини и намален притисок

26/07/2025

AA

Во текот на вчерашниот ден, системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода регистрирал повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода во градот Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Според податоците, дневната потрошувачка достигнала околу 360.000 кубни метри вода, што сериозно го оптоварува градскиот водоводен систем. Како резултат на тоа, во неколку делови од градот веќе се бележат намален притисок и повремени прекини во снабдувањето со вода за пиење.

Од претпријатието потенцираат дека Скопје се снабдува со вода од природен извор со ограничен капацитет и непроценлива вредност, поради што е неопходна совесна и рационална употреба на водата. Граѓаните се замолуваат да избегнуваат непотребна потрошувачка, особено во летниот период, како што е полевање на зелени површини, бавчи и ниви, миење на возила, полнење базени и слично.

„Апелираме до сите граѓани, но и до органите на локалната самоуправа, преку нивните служби и месните заедници, да преземат активности за подигнување на јавната свест за рационално користење на питката вода,“ се наведува во соопштението.

Од ЈП Водовод и канализација посочуваат и на големите загуби на вода, кои достигнуваат до 65%, и кои главно се резултат на нелегални приклучоци и кражба на вода, а не на дефекти во мрежата.

„Апелираме до институциите со надлежности за санкционирање на ваквите појави конечно да почнат соодветно да постапуваат. Употребата на питка вода за наводнување на земјоделски површини или технички намени претставува сериозен проблем,“ стои во реакцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy