Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Нема посилен аргумент од вашето предизборно појавување дека легалните игри на среќа се цел на политичко-етнички инженеринг!
Македонија

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Нема посилен аргумент од вашето предизборно појавување дека легалните игри на среќа се цел на политичко-етнички инженеринг!

26/07/2025

AA

Во врска со прес конференцијата на Движењето „Антикоцкање“ од Тетово, Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, ја упатува следната реакција:

Се повторува едно исто сценарио! Пред секои избори се појавуваат претставниците на само нареченото Движење „Антикоцкање“ од Тетово со барање за целосно затворање на легалните игри на среќа. Како некој да ги буди по потреба. Не постои посилен аргумент од нивното појавување кое го потврдува нашиот став дека без разлика кој е во позиција или опозиција, легалните игри на среќа пред секои избори стануваат цел на политичко-етнички инженеринг. Ваквиот пристап е катастрофален, претставува поигрување со судбината на 10 илјади вработени во овој економски сектор и создава економска-социјална неизвесност. Затоа, поучени од претходните искуства, активно ги предупредуваме надлежните државни институции да се откажат од намерата да носат нов Закон за игри на среќа во предизборен период. Вистински решенија за грижите на граѓаните не се носат со брзање и низ дневно-политичкиот кантар за привлекување гласови. Очигледно е дека декларативни заложби на „Антикоцкање“ за наводна заштита на младината од игрите на среќа се алиби. Зад нивните активности се кријат исклучиво политички и бизнис интереси. Нивните претставници многу добро знаат дека затворањето на легалните објекти за игри на среќа по автоматизам предизвикуваат отворање на играчници на црно, државата ќе нема контрола, а некои ќе печалат на штета на државниот буџет.

Земајќи предвид дека „Антикоцкање“ од Тетово врши предизборен притисок врз надлежните државни институции и политички фактори по секоја цена да се затворат легалните игри на среќа, прво треба да и одговорат на јавноста на следните прашања: Зошто Албанија уште во октомври 2022 се откажа од забраната на игрите на среќа? Зошто премолчуваат дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или во нечие друго друштво? Кога младите се позаштитени, кога има легални објекти за игри на среќа или кога ќе никнат диви играчници по подруми? И конечно, дали една од причините за нивното барање за затворање на легалните објекти за игри на среќа е фактот што во овој економски сектор 90 проценти од вработените се Македонци?

Се додека не одговорат конкретно на овие прашања „Антикоцкање“ за нас ќе бидат „Група за игри на среќа на црно“!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy