
Доаѓа невреме со силен ветар во Македонија – издадено метео предупредување!
Стабилно, во деновите од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. UV=8
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. UV=8
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
