
Доаѓа лето или зима? Општина Битола објави оглас за новогодишно украсување
Општина Битола објави повик за новогодишно украсување.
Повикот е наменет за сите креативни граѓани, здруженија и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за Новата 2024 година.
Општината го објавува повикот дури осум месеци порано, а се однесува за новогодишното украсување на Старата чаршија, Широк Сокак и сите кружни текови во градот.
Идејните решенија се доставува на електронска адреса на општината, најдоцна до 15 мај 2023 година, а најдобрите ќе бидат наградени парично, односно 180.000 денари за освоена прва награда, 80.000 денари за втора награда и 40.000 денари за идејното решение што ќе биде третонаградено.
Општина Битола со финансиски средства ќе ја помогне работата и проектните активности на Совет за превенција на детско престапништво, Совет за социјална заштита, Совет за превенција, Локален волонтерски совет, Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Совет за заштита на потрошувачи, за што исто така денес објави јавен повик.

