Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дојче Веле: Зошто ја избрале Вања?
Македонија

Дојче Веле: Зошто ја избрале Вања?

07/12/2023

AA

Откако „Портал икс“ вчера објави видео снимка, најверојатно од безбедносна камера“ на која се регистрираат дека двете возила „ситроен“ и „рено канго“ во населбата Визбегово, „Дојче Веле“ сега поставува дилема околу мотивите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Во интерес на истрагата, од ОЈО не соопштуваат дали извештаите на Судска медицина по обдукцијата – за времето на убиствата, и начинот на кој се извршени – го потврдуваат она што во исказите го навеле дел од осомничените.

Доколку на снимката прикажана од „Портал икс“ е веродостојно времето во кое е регистрирано движењето на двете возила низ Визбегово, тоа е 40 минути пред мајката на Вања Ѓорчевска да го пријави нејзиното исчезнување (8 и 35 часот), тоа индицира дека рутата на грабнувачите кон селото Бразда била однапред договoрена. Односно, дека не се должела на можна паника создадена кај нив од сензибилизирање на јавноста по јавно објавена информација за исчезнување на детето, бидејќи во тој момент таква информација во јавноста сѐ уште немало.

Во однос на мотивите за грабнувањето на Вања, се чини дека Обвинителството допрва ќе има работа, бидејќи за нејзиното убиство не се врзува првично презентираниот мотив „користољубие“. Кога ОЈО Скопје соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, во соопштението четворицата од нив ги наведе „како соизвршители кои сториле две кривични дела- грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие)”, пишува „Дојче Веле“.

„Ако само едното убиството е извршено од користољубие, тогаш кои биле мотивите за другото? Зошто била избрана токму Вања, ако нејзините родители не биле изложени на изнуда?“, се дилемите на медиумот кој вели дека од ОЈО засега нема одговор на тоа прашање.

Во моментов се истражува вистинитоста на тврдењата на двете лица кои во различни денови го превезувале првоосомничениот – во првиот случај до Белград, а во вториот од Србија низ Бугарија до Турција. И двајцата тврделе дека во моментот кога му помагале на Палевски да стигне до бараната дестинација, не знаеле дека тој е осомничен за два случаја на грабнување и убиство. Но, одредени комуникации кои се случиле во критичните денови додека патувале заедно со него, треба да откријат дали тие ја говорат вистината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy