Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК: Службени возила во МЖСПП не се употребувале според Правилникот
Македонија

ДКСК: Службени возила во МЖСПП не се употребувале според Правилникот

14/02/2023

AA

Службени возила во Министерството за животна средина и просторно планирање не се употребувале согласно со Правилникот за користење службени возила, утврдила Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

На денешната, 82-ра седница, од ДКСК посочија дека по пријава од познат подносител од МЖСПП, во врска со „недомаќинско работење“ при користењето на службените возила, побарале од министерството да се изготви внатрешна ревизија, при што било утврдено дека не биле во можност да констатираат дали возилата се употребени согласно со Правилникот за користење на службените возила.


– Во извештајот се наведува дека не биле во можност да констатираат дали колите се употребени согласно со Правилникот за користење на службени возила во министерството и не можеле да констатираат дека налозите за патување се правилно употребени, информираше антикорупционерот Шемши Салаи, кој додаде дека „сите овие возила и другите ресурси што ги имаат на располагање во ова министерство се недомаќински искористени“.

Салаи информираше дека Комисијата ќе достави предлог до вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, за, како што рече „да се преиспита работата“.


– Со оглед на тоа што не може да се утврди одговорност бидејќи министерот не е повеќе министер, овој предлог ќе го доставиме со цел да имаат сознание за начинот на кој се управува со средствата од граѓаните на Република Северна Македонија, рече тој.

На почетокот на седницата, ДКСК ги изгласа Правилникот за формата и содржината на образецот за податоци на избрани и именувани лица, како и Правилникот за содржината, формата и начинот на водење на Регистарот на избрани и именувани лица и одлучи да се објават во Службен весник.


Седницата продолжи со постапување по други предмети.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46771
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Полицијата го приведе пред родителот

14/11/2026

Петнаесетгодишник од Тетово е уапсен откако при преглед од стана на полицијата кај него е пронајден пиштол и рамка. Како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy