Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК ќе испитува како Таравари купил недвижност во Скопје за сума помала од пазарната
Економија

ДКСК ќе испитува како Таравари купил недвижност во Скопје за сума помала од пазарната

25/02/2023

AA

И Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се заинтересира за имотната состојба на претседателот на партијата Алијанса за Албанците и градоначалник на општина Гостивар.

Како што соопштуваат од ДКСК, по сопствена иницијатива, оформиле предмет за проверка на наводите дека градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари купил недвижност во Скопје од друг јавен функционер, за сума помала од пазарната.

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од собраниската говорница тврдеше дека негов сосед ќе му биде неговиот сопартиец и кандидат за нов министер за здравство од АА, Фатмир Меџити.

Николовски објави слика од куќа за која тврди дека е во непосредно соседство со партискиот лидер на Меџити, градоначалникот Арбен Таравари. Според Николовски, Меџити треба да објасни како од, како што рече, една скромна барака се прави луксузна хациенда во населбата Тафталиџе.

– Фатмир Меџити треба на јавноста да и објасни како од една скромна барака во моментот гради една голема хациенда од 336 метри квадратни, ни помалку, а ни повеќе во елитната скопска населба Тафталиџе и ни помалку, ни повеќе како прв комшија на Арбен Таравари. Како на улица Бриселска 18А гради хациенда од 336 метри квадратни, еве можете да ја видите од една перспектива, и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму карши со подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака почитувани пријатели изгледа политичката корупција – рече Николоски.

Деновиве во медиумите на големо се пишува за имотот во Тафталиџе што го стекнал лидерот на АА кој претходно бил во (ко)сопственост на бизнисменот Исмаил Јахоски, кој е поранешен градоначалник на Пласница и пратеник од редовите на ДУИ, покажува документацијата што ја обезбеди „Фокус“.

Куќата на Таравари влезе во собраниската расправа за избор на нови владини министри од редовите на Алијанса, откако Таравари постигна договор со СДСМ и ДУИ за да го засили парламентарното мнозинство. Притоа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, отворено праша дали Таравари ја добил куќата на подарок?

– Пријавил дека куќа од 256 квадрати купил за 150 илјади евра. Како во центарот на Скопје се купува куќа по 500 евра квадрат? Но, и дали воопшто тие 150 илјади евра се платени, зашто, според нашите сознанија, нема трансакции и на тие 150 илјади евра. Дали една од цените за влез во Владата е убавата куќа во Тафталиџе која му е поклонета на господинот Таравари од еден функционер од ДУИ? – праша Николоски.

Според Таравари, се работи за, како што вели, прилично инфантилни обвинувања коишто, додава тој, лесно се прелеваат и во медиумите, без да се консултира другата страна. 

– Куќата е купена во 2021 година, постапката и документацијата за купопродажба е во целост чиста. Имаме и доста за реновирање, а кредитот, здравје, ќе го плаќаме подолго време. Ве канам на кафе во својот дом и да видите за што станува збор. Се надевам дека тие што обвинуваат еден ден и самите ќе дозволат да ѕирнете во нивното секојдневие. Па, и да направите споредба…“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
Македонија

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен

05/10/2026
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45995
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено

05/10/2026

Пензискиот систем во земјава се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра,

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен викенд

05/10/2026

Утрото во вторник, 6 октомври, ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Зошто во документот се најде

05/10/2026

Сите кои тврдат дека нема никаква закана, нека ја отворат преговарачката рамка, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека во неа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy