Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИРЕКТОРОТ НА АХВ ГИ ДЕМНЕ ВРАБОТЕНИТЕ СО КАМЕРИ Кога ќе му дојдат гости, заедно ги гледаат на неговиот огромен монитор
Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА АХВ ГИ ДЕМНЕ ВРАБОТЕНИТЕ СО КАМЕРИ Кога ќе му дојдат гости, заедно ги гледаат на неговиот огромен монитор

08/04/2026

AA

Две камери на вториот кат, три на првиот кат каде што се наоѓа и неговата канцеларија и три на приземје. Сериозни сомнежи за злоупотреба на видео надзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија.

Според сведоштвата, во институцијата е поставена мрежа од најмалку осум камери – распоредени на повеќе катови, кои ги покриваат ходниците, влезовите и пристапите до канцелариите. Но, она што ја прави ситуацијата алармантна, велат вработените, не е самото постоење на камерите – туку начинот на нивна употреба.

Во канцеларијата на директорот е поставен монитор поврзан со сите камери. Според вработените, уредот е постојано вклучен и се користи за директно следење на нивното движење.

„Се гледа кој каде оди, кој влегува во која канцеларија, па дури и кога некој оди во тоалет“, велат извори од институцијата.

Ова, според нив, создава атмосфера на постојан притисок и страв, каде секое движење е потенцијално предмет на контрола. Дополнителна загриженост, според нив, претставува тоа што не е јасно кој има пристап до снимениот материјал, ниту каде и како истиот се чува и архивира. Според доставената фотографија до А1он, видео надзорот бил активен и за време на состанок, на кој присуствувале и надворешни лица, што отвора сомнежи за евентуално неовластено споделување на визуелни податоци.

Законот е јасен: Надзорот не смее да се користи за шпионирање на вработени

Поради овие сомнежи, веќе е поднесена претставка до надлежната институција, со барање да се испита дали директорот го прекршил Закон за заштита на личните податоци.

Според содржината на претставката, видео надзорот во АХВ излегува надвор од законската рамка и се користи како средство за контрола, а не за безбедност. Случајот отвора пошироко прашање: дали државните институции се користат за надзор и контрола на вработените, наместо за јавен интерес?

Од Агенцијата за заштита на личните податоци се очекува да утврди дали постои прекршување на законот, но и да постави јасни граници за тоа до каде смее да оди видео надзорот во јавните институции. А1он уште пред една недела побара одговор од Агенцијата за заштита на личните податоци, но иако ветија дека ќе испратат одговор, сеуште молчат и не се јавуваат на телефон.

И без нивен одговор е јасно се според Законот за заштита на личните податоци:

Начело на пропорционалност (член 5)

Видео надзорот мора да биде ограничен и оправдан. Постојано следење во живо од страна на раководител не е законска цел.

Ограничен пристап до податоци

Само овластени лица со конкретна безбедносна улога смеат да имаат пристап. Директор кој ги следи вработените во реално време – може да значи злоупотреба.

Заштита на достоинството на работното место

Континуиран надзор што го следи однесувањето на вработените може да се смета за повреда на нивната приватност и достоинство.

Правни експерти за А1он предупредуваат дека вакви практики може да резултираат и со прекршочни санкции и институционална одговорност.

Политички багаж и спорна стручност

Оливер Миланов е член на Социјалистичка партија и назначен е за директор како политичко решение. Нема соодветно образование за функцијата во АХВ бидејќи дипломирал Стоматологија но не успеал да го положи завршниот државен испит на овој факултет и при неколку обиди. Син е на поранешниот пратеник на Социјалистичката партија, Стојан Миланов, и внук на долгогодишниот прв човек на партијата Љубисав Иванов Ѕинго.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
Македонија

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ

22/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности за партнерства, инвестиции и развој

22/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од неговиот престој во Њујорк САД со дел од средбите што ги одржа на високо

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две години за тешка кражба

22/09/2026

29-годишен жител на гостиварското село Топлица бил уапсен на скопскиот аеродром, каде што бил запрен при влез во државата. И.Ч.

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов со моторна пила до него

22/09/2026

60-годишен жител на гостиварското село Равен бил пронајден мртов на фудбалскиот стадион во селото, откако неговата сопруга пријавила дека не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy