Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Директорката на ГАК уверува дека бебето ќе нема трајни последици од немилиот настан
Македонија

Директорката на ГАК уверува дека бебето ќе нема трајни последици од немилиот настан

02/01/2024

AA

При породување со царски рез, новороденче доби скршеница на раката. Од Клиниката за гинекологија објаснуваат дека при интервенцијата бебето било лошо поставено и овие компликации се познати во литературата, иако не се случуваат често. Детето нема да има траен инвалидитет, ниту долгорочни последици. Случајот го испитува стручна комисија, првичните информации покажуваат дека не се направени пропусти при породувањето. Според директорката на ГАК Викторија Јовановска, на мајката ова и било второ породување со царски рез, а бебето е родено во добра здравствена состојба.

„Кога се отворила матката прво излегла раката, за да може да се извади здрав, жив и за живот способен плод којшто ќе нема секвели понатаму во животот, многу е важно во неколку секунди да го извадите плодот. Значи се враќа раката, се фаќа за нога и се извлекува плодот. Тоа е подобро отколку бебето централно да страда, да му страда мозокот и да има трајни последици, ова е нешто што е преодно“, изјави д-р Викторија Јовановска, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Семејството реагираше дека медицинскиот персонал не ја известил веднаш мајката за повредата на бебето. Директорката Јовановска објаснува дека веднаш по породувањето не можело да се утврди дали станува збор за скршеница, бидејќи бебето немало оток на раката, но откако се појавил направена е рендген снимка која ги потврдила сомнежите.

Случајот во јавноста беше откриен од страна на таткото кој тврдеше дека персоналот на клиниката се обидел да го прикрие случајот, бидејќи на мајката не и било да го види бебето. Родено е на 30-ти декември, а семејството е информирано дека има скршеница на раката после 24 часа.

 

Андријана Ѓурческа

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45003
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy