Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ – промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“
Економија

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ – промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

18/04/2024

AA

Настанаа промени во скопската компанија РЖ Интертрансшпед. Симеон Василев си поднел неотповиклива оставка од позицијата извршен член на Одборот на директори, а на негово место е назначен Никола Ангелевски. Оставката ја констатирал Управниот одбор на компанијата на својата вчерашна седница. 

„На 17.04.2024 година се одржа состанок на Одбор на директори на РЖ Интер-трансшпед во просториите на Друштвото, а во работниот дел беше донесена одлука за отповикување на Извршен член на Одбор на директори, како и одлука за именување (избор) на Извршен член на Одбор на директори. Одборот на директори констатира дека Извршниот член на Одборот на директори Симеон Василев на ден 17.04.2024 година до Одборот на директори поднел писмена неотповиклива оставка заверена на нотар, со која му престанува важноста на Договорот за уредување на правата и обврските помеѓу Друштвото и Извршен член на Одбор на директори /Менаџерски договор/ од 06.09.2022 година.

Се донесе Одлука каде се констатира престанување на мандатот на Извршен член на Одборот на директори на лицето Симеон Василев. Се донесе Одлука за назначување (избор) на Извршен член на Одбор на директори, каде се назначува лицето Никола Ангелевски“, се вели во објавата од компанијата испратена преку Македонската берза. 

РЖ „Интер-Трнсшпед“ АД-Скопје е акционерско друштво, кое е еден од повеќето правни наследници произлезени по распадот и трансфорацијата на некогашниот индустриски гигант рудници и железарница Скопје – Скопје. Во моментот основна дејност на друштвото е со својата тешка механизација (булдожери, утоварачи, багери и сл.), како и со своите тешки товарни возила (камиони и дамопери), да обезбеди и да им даде транспортни услуги на сите други правни субјекти во внатрешноста на железарскиот круг. Особено одговорен сегмент во работењето на друштвото, со оглед на карактеристиките на работните задачи и тешките услови во кои тие се извршуваат, е исполнувањето на задачите поврзани со производствениот процес во погоните на „Макстил“ АД-Скопје. 
РЖ „Интер-Трансшпед“ АД-Скопје располага и со голем број на други објекти и богата инфраструктура во самиот круг на железарницата, кои обезбедуваат можност за развој на друштвото во повеќе насоки и развој на други дејности. Овде пред се би ги издвоиле сопствената бензинска пумпа со четири резервоари за складирање на гориво, ѕидан објект покриена перална за соло камиони и влекачи, како и големи бетонирани плацови со придружни објекти до кои има пристап по патна и железничка инфраструктура. Со оглед на тоа, механичкиот тим, кој се состои од еден магистер на машински науки и од двајца дипломирани машински инженери, сите од областа на моторните возила, во периодот што следува ќе работи на искористување на овие инфраструктурни потенцијали и развој на фирмата во повеќе насоки. Секако дека заеднички именител на повеќето од, во моментот, замислените и проектирани насоки на развојот на друштвото ќе бидат разни видови услуги од областа и моторните возила.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Ова е обид за убиство, а не обично насилство“: Сведоштво

02/07/2026
Македонија

Мицкоски: Немам претседателски амбиции, на следните избори одам по уште

02/07/2026
Македонија

Кога ќе има парични казни за родителите на насилниците?

02/07/2026
Македонија

Битолчани, внимание во сообраќајот: Пуштени во функција семафорите кај плоштадот

02/07/2026
Македонија

ЦУК со биланс по невремето во Скопје: Поплавени улици, домови

02/07/2026
Македонија

Затвореник силувал друг затвореник, жртвата завршила во болница

02/07/2026
Македонија

Запален багер во скопски Чаир, уапсени три лица!

02/07/2026
Македонија

Осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

02/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Ова е обид за убиство, а не обично насилство“: Сведоштво на мајката на 14-годишното дете

02/07/2026

Семејството на 14-годишното момче, кое пред десетина дена беше брутално нападнато во скопската населба Ченто, бара итна преквалификација на случајот.

Мицкоски: Немам претседателски амбиции, на следните избори одам по уште поубедлива победа

02/07/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, децидно ги отфрли шпекулациите за можна кандидатура за претседател на државата. Во гостување

Кога ќе има парични казни за родителите на насилниците?

02/07/2026

Родителите и старателите на децата кои вршат врсничко насилство наскоро ќе се соочат со парични казни. Законските измени кои го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy