Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитров: Наутро се будиме со извинувања кон Бугарија, станавме бугарска провинција
Македонија

Димитров: Наутро се будиме со извинувања кон Бугарија, станавме бугарска провинција

30/01/2023

AA

Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи, во емисијата „Утринска“ на Телма побара од власта да не се однесува, како што рече, како бугарска провинција и да превземе мерки доколку е потребно во однос на европратеникот Ангел Џамбаски доколку планира провокации на 4 февруари, пишува Фактор.

– Тоа се територијални претензии и мора да се однесуваме како држава, а не како бугарска провинција и апсолутно целосно легитимно е да превземеме мерки, но се потекнува од првото – да се соочиме дека ќе има проблеми со Бугарија ако се преправаае дека не постојат, искоментира Димитров.

Тој ја искритикува власта дека секое утре се буди со извинување кон Бугарија.

– Нас ни треба пред се да избегаме од оваа панична автоцензура, во која ќе треба денот да го започнуваме со извинување кон Софија, Треба да се смириме, да седнеме широко и да видиме како да излеземе од овој чвор. Немаме правна гаранција дека ова воопшто води кон ЕУ, нека влезе некој европски олеснувач да седне со историчарите, ако Бугарија има црно на бело дека сме вештачки, па Берлин и Париз нека дадат свои официјални изјави дека се радуваат дека еден ден македонскиот јазик ќе стане дел од ЕУ. Ова со амандманите е врзано со негацијата, да разговараме и за Бугарите во Уставот, но да влезе во сила кога ќе станеме членка во Брисел, нафрлуваше Димитров.

Во критиката кон власта, тој дополни дека таа не се труди да добие некакви гаранции за тоа со што би завршиле бугарските условувања.

– Нашата власт се однесува неодговорно кон својот народ, бидејќи не се потруди да добие некакви гаранции дека ние имаме некаква цел. Европа не ги испорача своите верувања и ние имаме одговорност спрема нашипот народ, дека имаме пакет што ќе има некаква смисла. Ние сега немаме таков пакет. Почнавме преговори, или не почнавме преговори? Комисијата на историчарите ќе биде услов или нема да биде услоив?, прашува тој.

Поранешниот дипломат вели дека и кога бил официјално министер, не молчел за овие проблеми.

– Кога немате аргументи, фрлате лично дрва и камења, но да се вратиме на суштината – од Стразбур во дебата со Захариева сите мои настапи биле на овие принципи – еднаш за 11 Октомври во Прилеп кажав дека ако е цената јазикот и македонскиот идентитет – нема ЕУ, тоа го кажав како член на Влада, рече Димитров.

Вели дека не може да разбере зошто одеднаш власта да се откаже од македонските позиции.

– Европската перспектива има три предизвици – Бугарија со оваа амбиција, наместо да ни бидат вистински пријатели они отворено станаа непријатели, второр- неспремноста на политичките партии кои се однесуваат како дуќани со корупција, партизација, клиентелизмот и капацитетот да се спроведуваат европски политики дома. Владата мавта со знамето на ЕУ а дома не одалечува и третиот предизвик – не само што нема брз воз, туку нема воз а и шините се подизместени.

Имаме неизвесност од ЕУ, неизвесност од бугарска страна и немаме политичка волја од нашите политичари да работат дома. Илузија е дека некој од надвор ќе дојде и дека ќе ги бере нашите гајлчињ, тврди Димитров.

Порача и дека како член на Владата се залагал да се решат и други проблеми, надвор од дипломатијата, но дека како поединец немал доволно моќ и влијание.

– Бев против легализација на дивоградби, на вили од милиони евра во националните паркови, приватизација на надлежности на Царина, повеќето битки ги губев, но бев само случаен политичар -активист без своја парламентарна група, истакна Димитров.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
world

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на

20/10/2026
Македонија

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во

20/10/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800

20/10/2026
Македонија

ВОЈНИЦИТЕ И ПО 45. ГОДИНА ЌЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ ВО

20/10/2026
Македонија

НЕМА ВЕЌЕ РОКОВИ ЗА БАРАЊА ЗА ОТКУП НА ДВОРНО МЕСТО

20/10/2026
Македонија

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна

20/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ

20/10/2026
Македонија

📽️ 📷 НАБАВЕНИТЕ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВРЕДАТ 7,5 МИЛИОНИ

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46286
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скандал што ја потресе Саудиска Арабија: Егзекутирани двајца државјани на Бангладеш по случај во џамија!

20/10/2026

Саудиска Арабија на 14 октомври 2026 година егзекутираше двајца државјани на Бангладеш, Назрул Ислам Абдул Басир и Сити Ахтар, во

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА СЕКТА „Разговори во 12:05“ револтирани од изјавите на

20/10/2026

Раководството на СДСМ сѐ повеќе наликува на секта во која клучниот предуслов за припадност е геслото – „сите други се

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЗА ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 178.800 ЕВРА Екс-директорот на „Пошта“ не

20/10/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy