Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Високи структури во власта намерно ја блокираат инвестицијата на Лидл во Куманово
Македонија

Димитриевски: Високи структури во власта намерно ја блокираат инвестицијата на Лидл во Куманово

03/05/2023

AA

„Помпезно се најавуваше дека инвестицијата која наводно ја донела Владата, односно Лидл е инвестиција која ја обезбедила Владата, а не ја донесе. Во моментот влезот на Лидл е блокиран од државната власт. Врхушката од власта за тоа не знае, но го прават поединци коишто се добро поврзани на интерминистерско ниво помеѓу себе. Инвестицијата е блокирана, а всушност еве сега за таа работа да го прашате Ковачевски, самиот не знае. Во моментот го блокираше министерство за транспорт и врски и времето ќе покаже кој стои позади оваа одлука”, вели градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24.

Зошто не дозволуваат да се вцрта и да се измени моменталниот урбанистичкиот план, да се спојат маркиците каде што ќе се дозволи на инвеститорот да гради еден голем објект со инвестиција од над 80 милиони евра? Зошто тоа се прави?, јавно прашува Димитриевски, потенцирајќи дека позади блокадата на оваа странска инвестиција во Куманово стојат намерите ова земјиште да се купи по принцип како во минатото за евро и пол, а потоа да се препродава на трети лица кои ќе инвестираат во индустриската зона.

“Ако е успешна инвестицијата, земјиштето ќе се продаде сигурно над 20-30 евра по метар квадратен на странскиот инвеститор по пат на лицитација. Но ако немате странска инвестиција таму, тоа земјиште ќе остане и ќе го купуваат како што го купуваа претходно некои инвеститори блиски и до нив и до ВМРО-ДПМНЕ за по едно и пол евро по метар квадратен. Првично земјиштето го купи фирма блиска до ДУИ, којашто понатаму ја препродаде на втори и трети лица и тие денеска инвестираат во индустриската зона”, дополнува градоначалникот Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy