Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Уцени не поминуваат кај Македонецот, како пир е
Македонија

Димитриевски: Уцени не поминуваат кај Македонецот, како пир е

26/03/2024

AA

„Видете кај Македонецот уцена и притисок не поминува. Ние сме тврда глава од народ. Значи ние сме ко пир. Штом ќе се појави негде никнува и после сто години. И било каков притисок не може да постигне одреден резултат. Се мора да се случува на ниво на реципроцитет“, рече Максим Димитриевски, претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во гостувањето на Сител подкаст.

Тој вели дека ние сме и со Бугарите и со Србите, како најблиски народи до нас на Балканот и додаде:

„Нит мора да бидеме србомани, нит мора да бидеме бугарофили. Значи треба да си бидеме Македонци, да си се држиме до своето. Едноставно да им објасниме и на едните и на другите дека – да, како што велат тие, ние сме браќа, но тие не се нашиот татко. Ниту пак ние сакаме да им бидеме татко на нив“.

Димитреивски, одговарајќи на прашањето дали доколку е во можност би го вратил воениот рок рече дека во најмала рака е потребно секој да помине предвојничка обука. Тој објасни дека е тоа потребно за да може да научат младите што е дисциплина, што е ред и да видат како за еден минимален период од три месеци ќе се трансформираат себе си, а и својот личен карактер во нешто многу подобро.

„Не случајно во минатото старите луѓе рекле – тој што не бил во војска не е маж. Зборувам за мажите. Дури на доброволна основа барем до еден месец тоа би требало да можат да го сторат и жените, бидејќи ние сме еднакви. Да се научат одредени вештини за преживување, дополнително за ракување со огнено оружје. Ние живееме на едно трусно подрачје, коешто се вика Балкан и мислам дека народот треба да биде подготвен во секој момент прво да се самозаштити, а дополнително и да си ја заштити државата и да ја одбрани од сите предизвици и закани коишто следуваат. Многу пати велиме ние сме под чадорот на НАТО, имаме колективна безбедност. Но, многу често заканата не доаѓа само од надвор, туку многу почесто од внатре“.

Зборувајќи за ангажманот во политиката Димитреивски рече дека не се гледал себе си како некој што би сакал да е на функција.

„Сакав да бидам активист и да креирам политика. Да бидам дел од политбирото. Да се борам за идеите и заложбите основни на партијата.
Бидејќи мене ми е битно. Јас сум патриот. Припаѓам на такво семејство, си ја сакам државата и верувам дека една политичка партија за да постои треба да почива на идеологија на неклукративност и клиентелизам“, рече Димитриевски за Сител подкаст.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
Македонија

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од

17/02/2026
Македонија

ЦУК: Нема нови излевања во Тетово, 250 лица сместени во

17/02/2026
Македонија

НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата

17/02/2026
Македонија

ПОРАДИ СНЕГ ВОВЕДЕНА Е ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА На

17/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41549
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026

Министерството за одбрана се подготвува за нов бран вработувања во Армијата. Наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на 300

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА Две нови линии од јули

17/02/2026

Убави вести за сите што сакаат да патуваа, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Две нови

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации

17/02/2026

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy