Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Ќе изградиме правна држава во која граѓаните ќе бидат еднакви и ги задржува младите дома
Македонија

Димитриевски: Ќе изградиме правна држава во која граѓаните ќе бидат еднакви и ги задржува младите дома

10/10/2023

AA

“Факт е дека се работи на квантитет, а не на квалитет. Факт е дека создаваме необразовани генерации и тоа мора да се искорени. Студентите се нашата иднина. Ќе им ги дадеме сите можности да студираат бесплатно, а не да плаќаат. Да имаат можност да студираат во странство на сите врвни универзитети. Да можат да останат овде во Македонија. Првенствено, нашата основна цел е да се вратиме на темелите на нашата државност, тоа што постојано го газат. Ќе работиме да изградиме држава во која право и правда ќе  има за сите, а правата на сите граѓани ќе се почитуваат подеднакво, почнувајќи од најмладите, па се до пензионерите. Ќе работиме да изградиме држава која ќе ги задржи младите дома. Ние ЗНАЕМЕ како и заедно со вас граѓаните ЗНАМ дека ќе успееме”, порача градоначалникот и идеен творец на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на вчерашното потпишување на Иницијативата.

Мототo на партијата која во следниот период и правно формално ќе биде формирана, по собирање на потребните потписи е „Од граѓаните за граѓаните“, а основна цел ќе биде да ги обедини граѓаните и да ја врати земјата на вистинскиот пат.

Пред присутните се обрати и Мила Петрушевска како претставник на младите и борец за студентските права, која посочи дека во изминатиот период во заедничката борба со студентите за подобар студентски стандард, била сведок на многу лажни ветувања и празни зборови без конкретни дела, што било мотив и волја да се приклучи на движењето ЗНАМ, верувајќи дека ќе биде водечки на политичката сцена за промени во нашето општество.

“Такво искуство имам од средбите во Собранието и во МОН каде што често пати после милозвучните зборови на функционерите, забораваа на нашите потреби во истиот момент откако ќе излезевме. На кратко кажано – служевме само за нивна ПР стратегија во јавноста како тоа се грижат за младите, а всушност во реалност – младите се повеќе и повеќе масовно се иселуваат. Младите се иселуваат поради тоа што веќе не можеме да се пофалиме со квалитетно образование, младите се иселуваат бидејќи немаат ни хумани услови за сместување и седење во студентските домови, младите се иселуваат поради тоа што за успех се смета покачувањето на студентскиот оброк за цели 20 денари, се иселуваат поради тоа што предиспозиции за успех се сметаат дали некој е член на партија или син/ќерка на некој што е носител на јавна функција”, истакна Петрушевска.

Македонија нема време за чекање, а иднината е во рацете на младите. Кога кај тие што ја водат државата не постои политичка волја за решавање на реалните проблеми на своите граѓани, на идните генерации им останува да го плаќаат долгот од нивното неработење, дополни таа, порачувајќи дека токму младите од Движењето ЗНАМ ќе им покажат дека се првата авангардна сила на браникот на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy