Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како досега
Македонија

Димитриевски: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како досега

03/05/2024

AA

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски  денеска беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“.

Димитриевски во изјавата за медиумите рече  дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот политички простор токму со поддршката на граѓаните.

„Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници  предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6. Јас знам  дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив  на идната власт, но и на идната опозиција.

Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на  граѓаните“.

Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНам – За наша Македонија,  на  носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите  кандидати за пратеници.
„Со тоа, рече Димитриевски, – Граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме  понатаму со позитивни  промени во државата, со позитивни промени во Македонија“.

Изјава за медиумите даде и носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, кој рече дека со  она што го нудат во Програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да  ги вратат илинденските и асномските темели на државата.

„Сакаме да ја направиме  државата  самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме  стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.

Тој додаде дека  нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот  максимум за Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле

18/02/2026
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
Македонија

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители –

18/02/2026
Македонија

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60

18/02/2026
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле две возила кај Кучевишка Бара

18/02/2026

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера, (17 февруари 2026 година), на стариот

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три жени мета на измамници

18/02/2026

Серија измами го тресе Тиквешкиот регион. Три жени од Кавадарци и Неготино станаа жртви на добро познатите шеми со „лажни

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители – „Ме одбија со небулозно оправдување

18/02/2026

Владимир Панчевски, кандидатот за државен јавен обвинител кој вчера не ја доби довербата од Советот на јавни обвинители, најави жесток

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy