Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска Кочоска: Младите сакаат да се иселат, а власта им продава приказни дека 24 годишен анонимус може да ја купи Соравија
Македонија

Димитриеска Кочоска: Младите сакаат да се иселат, а власта им продава приказни дека 24 годишен анонимус може да ја купи Соравија

22/07/2023

AA

Една од причините мотивите за вклучување во политиката ми беше да се подобри животот на младите во Македонија за да ни останат тука.. Јас сум мајка на два сина кои се мали за да зборуваат за иселување, но ќе дојде момент кога тоа ќе се случи и гледајќи ги како растат си го поставувам прашањето зошто младите се иселуваат. Секојдневно низ разни примери гледаме како кај младите создава незадоволство на секое ниво, изјави Гордана Кочоска ДИмитриеска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната панел дискусија за Економија на Саем на проекти за млади од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, „Иднина за сите во Македонија“.

Кочоска Димитриеска истакна дека младите гледаат како некој на 24 годишна возраст може да ја купи Соравија, а претходно бил целосен анонимус, додека во исто време тие се трудат и работат, им продаваат приказни како тој бил мотивиран.

– Тоа што најмногу им смета на младите и се иселуваат од државата, отвораме вести погледнуваме вести. Првата вест вели 59% пораснала просечната плата во Македонија откако се СДС на власт, а вие како млади го читате ова и си викате дека некој кој имал плата до 24.000 денари во 2017 денес треба да има 38.000 денари плата, ги погледнувате вашите родители или средината и се прашувате кој добил толку кога тоа не е така. Понатаму дали може да се преживее месецот. Знаете дека инфлацијата во Македонија беше над 20%, цените остануваат високи, храната порасна за над 30%, гледаме дека во опкружување немаме покачување на плати како што се фали владата. И доаѓаме до заклучок дека од владата лажат, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека додека во исто време се фалат со толку голема плата, ако погледнете огласи и кога се аплицира за работно место платата е еднаква на минималната.

– Сите знаат дека 85% од луѓето кои плаќаат придонеси имаат плата под просечната и си викате на кому се продаваат приказни дека убаво се живее, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи и дека уште една работа што ги фрустрира младите е како се делат парите од Фонд за иновации, се е поврзано со корупција и криминал.

– Младите не сакаат да ги гледаат овие неправди. Околу рудникот Иловица се сеќавате дека истиве луѓе протестираа и кажуваат дека три министерки не приметиле какви документи им се даваат. Кога ќе се прочита збор рудник треба косата да им се крене да се тргне точката и да се анализира. Младите си викаат зошто да седат во вакво општество каде и неписмените продаваат приказни дека се писмени, рече Димитриеска Кочоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy