Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Македонската надворешна политика го има достигнато дното, со оваа власт има само национални порази
Македонија

Андоновски: Македонската надворешна политика го има достигнато дното, со оваа власт има само национални порази

22/07/2023

AA

Треба да знаеме дека Македонија во моментов ја живее најлошата состојба во однос на меѓународните односи. Македонската надворешна политика го има достигнато дното од својот историски развој, полошо не било дури и кога Македонија создавала како самостојна држава. Тоа е така затоа што има комбинација од неспособност, криминал и распродажба на македонските национални интереси, изјави Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната панел дискусија на тема „Меѓународна политика“ на Саем на проекти за млади од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, „Иднина за сите во Македонија“.

Тој истакна дека македонската надворешна политика ја води човек кој не се грижи за македонските национални интереси, односно воопшто  не ги разбира.

– Станува збор за кој единствено што го интересира е личната кариера, личните професионални успеси и по таа цена тој е подготвен да продаде се, дури и албанските национални интереси, ако тоа од него некој го побара. Не станува збор за човек кој се грижи за македонскиот јазик, и затоа кажал дека нема дијалекти надвор од границите, нема да ме чуди да каже дека македонскиот јазик не постои, рече Андоновски.

Андоновски истакна дека ако продолжи оваа власт да функционира ние ќе се соочуваме со уште национални порази.

– Се надевам дека нивното време побрзо ќе заврши. Дека ќе дојдат луѓе кои ќе знаат дека македонскиот јазик е составен од дијалекти кои доаѓаат и од Егејска и од Пиринска Македонија и од дијалектите во денешна Албанија, дека Македонци живеат и на територијата на сите соседни држави, дека имаме нераскинлива поврзаност со песните, ората, писатели од сите делови и тоа се одредниците преку кои ќе се водиме како идна власт, рече тој.

Андоновски нагласи дека патеката на Македонија мора да заврши со членство во ЕУ, но нема да ги заборавиме овие теми и нема да ги трампаме за лични или партиски успеси.

– ВМРО секогаш било поврзано со Македонија и Македонија со ВМРО, двете работи се поврзани. Наша обврска е да ги задржиме сите идентитетски одредници на нашиот пат кон ЕУ. Може да биде покомплицирано, да земе повеќе време.  Сега ветувањата се дека само ќе го започнеме патот.  Ветувањата се дајте се што треба да започне патот, а ние велиме ќе одиме по тој пат ако го заштитиме македонскиот национален идентитет, ако се гарантира во текот на целиот пат, и гарантира дека ќе станеме членка, изјави Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy