
Димитријевиќ постигна 19 поени во новата победа на Уникс
Уникс одигра подобро прво полувреме кое му припадна со пет поени предност (46-41), а најважната разлика ја создаде во третата четвртина (72-56), по која домаќинот не успеа да ја врати неизвесноста.
Димитријевиќ постигна 19 поени, осум асистенции и четири скокови, додека Никола Ивановиќ запиша 21 поен.
Екипата на Димитријевиќ останува на втората позиција со 16 победи и четири порази, додека лидер е ЦСКА Москва со 17 триумфи и два порази во ВТБ-лигата.
