Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чулев: Упадот во М-НАВ е безбедносен скандал од меѓународни рамки, за кој мора да има одговорност
Македонија

Чулев: Упадот во М-НАВ е безбедносен скандал од меѓународни рамки, за кој мора да има одговорност

05/01/2024

AA

Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека зградата на М-НАВ претставува објект од критична инфраструктура кој е од исклучителна важност за функционирањето на државата, но и за безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај.

„Упадот во ваков објект е безбедносен скандал од меѓународни рамки за кој треба да се понесе одговорност и истиот мора најстрого да биде санкциониран.

Вчерашниот настан, каде организирана група насилно упаѓа во објектот на Македонската навигација (М-НАВ) и физички напаѓа дел од вработените говори за сериозно непочитување на безбедносните протоколи и потфрлување на институциите кои се задолжени за безбедноста. Станува збор за кривично дело „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ за кое според кривичниот законик, превидена е казна затвор од пет до десет години.

Упатувам силна поддршка, но и благодарност до синдикатот и професионалците во оваа институција кои по цена на својот живот и своето работно место, решија да истраат во намерата да го заштитат М-НАВ и безбедноста на македонското небо.

Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, во најкраток рок да ги санкционираат учесниците во вчерашниот настан, а владата веднаш да го разреши раководството на институцијата, чиј основач е државата, а која треба да функционира согласно пропишани европски и светски стандарди.

Дополнително, Министерството за внатрешни работи согласно Законот за приватно обезбедување треба да утврди пропуст во постапувањето на агенцијата 2СС од Кичево, што го обезбедува објектот, и преку соодветна постапка да ја одземе дозволата за работа на истата. Воедно, треба да се утврди дали таа агенција имала важечки договор со М-НАВ за обезбедување во 2024 година, со оглед дека претходниот е истечен на 14.12.2023 година, и доколку се утврди дека договорот е истечен, дополнително да се побара и утврди кривична одговорност за директорот на М-НАВ кој дозволил приватна агенција да обезбедува објект од критична инфраструктура без важечки договор“, вели Чулев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy