
Ди Марија, сепак, може да одигра уште еден натпревар за Аргентина
Станува збор за мечот против Чиле во квалификациите за Светското првенство што е закажан за 4 септември на кој Аргентина ќе биде домаќин. Ди Марија би одиграл неколку минути, а потоа ќе го напушти теренот со што официјално ќе се збогува со навивачите и симпатизерите, а тие ќе имаат можност последен пат да го поздрават.
Засега сето ова е само идеја, со оглед на фактот што има доволно време до натпреварот. Ди Марија забележа 145 настапи за аргентинската репрезентација и се наоѓа на делба на третото место на вечната листа, заедно со Хавиер Занети. Постигна и 31 гол од кои три во финални дуели на големите натпреварувања.