Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Десеткуваниот Вардар храбро до реми на Исланд!
Спорт

Десеткуваниот Вардар храбро до реми на Исланд!

19/11/2024

AA

Македонскиот вицешампион Вардар извлече нерешен резултат на гостувањето на Исланд, играјќи 34-34 со домаќинот Валур.

До бодот, „црвено-црните“ стигнаа со гол во последната секунда од пенал, преку Срдановиќ откако претходно, на околу минута до крајот, испушти шанса да дојде до водство кое можеби ќе го однесеше и до победа. Сепак, треба да се знае дека и за малку ќе загубеше затоа што на 20 секунди пред крајот прими гол и потоа среќно изнуди пенал и дојде до израмнување.

Во останатиот дел од мечот, Валур беше во постојана предност, во првото полувреме со највисоки +5 (14-9), но успеваше да се врати во игра. Последен пат Исланѓаните имаа повисока предност на 12 минути пред крајот, со 29-26, но Вардар повторно успеа да се врати и да израмни на 30-30. Своето прво водство, нашиот тим го имаше на помалку од три минути пред крајот кога преку Јагуриновски поведе со 33-32, а потоа дојде драматичната завршница во која двата тима се задоволија со по еден бод.

Георгиевски, Срдановиќ и Маргели со по пет гола беа најефикасни во тимот на Вардар, но мора да се знае дека новиот тренер Лозано ги немаше на располагање Борозан, Лазаревски и голманот Еспиња. „Голманот Васил Гогов се истакна со седум одбрани. Црвено-црните“ сега се со само теоретски шанси за пласман во следната фаза бидејќи имаат вкупно три бода, два помалку од Порто на кого му гостуваат во последното коло.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Расчистени две измами во Охрид и Струга, двајца велешани осомничени

19/08/2026
Македонија

Авионска дезинсекција против комарци од утре, терестична од недела

19/08/2026
Македонија

Нови препораки за водоснабдувањето во Гостивар: Поголем надзор, контрола на

19/08/2026
Македонија

Запленети повеќе од 1,3 килограми златен накит од златарница во

19/08/2026
Македонија

Пациент од Охрид со владиниот авион итно пренесен во Берлин,

19/08/2026
Македонија

Мечка забележана на само 30 метри од првите куќи во

19/08/2026
Македонија

Четири активни пожари во Македонија: Гори кај Студеничани, Прилеп, Охрид

19/08/2026
Македонија

Пченицата пред нов ценовен шок, поскапувањето ќе го почувствуваме и

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45114
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Расчистени две измами во Охрид и Струга, двајца велешани осомничени за противправна корист од 5.500

19/08/2026

Полициските службеници расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што осомничените се стекнале со противправна имотна

Авионска дезинсекција против комарци од утре, терестична од недела

19/08/2026

Градот Скопје ќе спроведе нова акција за дезинсекција против комарци на целото подрачје на градот, при што третирањето ќе се

Нови препораки за водоснабдувањето во Гостивар: Поголем надзор, контрола на хлорот и испирање на мрежата

19/08/2026

Подобрување на контролата на водата за пиење, континуирано следење на хлорот и посистематско одржување на водоводната мрежа се дел од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy