![Денеска се празнува Свети Јаков, епископ и Исповедник](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/04/sveti-jakov.webp-850x560.webp)
Денеска се празнува Свети Јаков, епископ и Исповедник
Не се знае ни местото на неговото раѓање, ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполни Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпе големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање. Најпосле Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому верно Му послужи во овој живот. Живееше и пострада во 7 век.