
Денеска голема промена на времето во Македонија, доаѓа невреме!
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолиеано невреме. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.
Утре попладне и кон крајот на денот претежно во северните и источните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, понекаде во вид на изолирано краткотрајно невреме. Во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи. Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.
