
Денеска ги празнуваме Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина
Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но, кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја позна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан, […]