Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ СОСЛУШУВААТ СВЕДОЦИ ЗА „ПУЛС“ Продолжување судењето за трагедијата во Кочани
Македонија

ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ СОСЛУШУВААТ СВЕДОЦИ ЗА „ПУЛС“ Продолжување судењето за трагедијата во Кочани

29/12/2025

AA

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законски застапници на оштетените во случајот.

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законски застапници на оштетените во случајот.

На изминатото рочиште на предлог на обвинителството сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката кој зборуваше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар.

Претходно, одбраната на обвинетиот Александар Нацев, во воведен збор посoчи дека во текот на постапката ќе докажат дека „обвинетиот Александар Нацев не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на правното лице „Рубикон“, како и дека припадниците на обезбедување ноќта на трагичниот настан не биле задолжени или ангажирани да вршат контрола на бројот на присутни гости во кабарето, да вршат проверка на безбедносна опрема, на сигурносни услови на објектот, ниту обвинетото правно лице имало обрвска да достави план за обезбедување.

Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“.

Тој порача дека не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи, посочувајќи дека трагедијата не е резултат само на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола што ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“. Јанев нагласи дека се бара правда, не како одмазда, туку како последица на незаконитост и занемарена должност.

Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Некои од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле „тешки дела против општата сигурност“.

Повеќемина обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението. Нивните одбрани тврдат дека обвинетите не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина.

Одбраната најави изведување докази и сведоци што, според нив, ќе ја потврдат оваа теза.

Во досегашните воведни обраќања своја одбрана веќе имаа и првообвинетиот сопственик на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, сопственикот на „МММ кафе“ Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот.

Јованов претходно истакна дека и по девет месеци притвор не може да поверува во трагедијата и дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната тврди дека против него нема ниту еден доказ и дека е обвинет само затоа што е член на семејството Јованови.

Бранителите на Митко Стојанов нагласија дека обвинението против него е неосновано и дека нема причинско-последична врска меѓу неговите постапки и пожарот. Адвокатката на Гроздан Милковски потенцираше дека постапката за закуп е била законита, дека Милковски поседувал валидна документација и дека не учествувал во адаптација на објектот.

Проектантот Милка Едровска преку својата одбрана истакна дека била ангажирана само за сообраќајно решение за паркинг и дека нема никаква врска со адаптацијата на објектот, ниту со неговата внатрешна структура. Градежните инспектори, пак, тврдат дека не можеле да постапуваат без пријава или наредба, а дека причината за трагедијата не се градежни пропусти.

Поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, преку својот бранител оцени дека обвинението претставува преседан, наведувајќи дека тој уште пред отворањето поднел барање за неиздавање дозвола за работа. Одбраната на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов тврди дека тие работеле согласно закон, дека надзорот не бил во нивни раце и дека процесот се води врз основа на нецелосна истрага.

Обвинетите од обезбедувањето, преку одбраната, истакнаа дека обвинението е изградено врз претпоставки, дека дел од нив имале ограничени задачи и дека не можеле реално да спречат внес на пиротехника, посочувајќи повторно на институционални пропусти како главна причина за трагедијата.

Поранешните министри за економија Крешник Бектеши и Ваљон Сараќини, како и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување, во своите воведни говори го негираа обвинението и истакнаа дека немаат никаква вина. Додека, одбраната на обвинетите службеници од Министерството за економија нагласи дека тие имале само административни надлежности поврзани со документацијата за лиценци, без право или можност за теренска инспекција, и дека работеле со документи заверени од други институции.

Пазарните инспектори преку својата одбрана упатија серија забелешки кон Обвинителството, наведувајќи дека правната конструкција е погрешна и дека во јавноста се пласираат неточни информации за нивните ингеренции и за статусот на објектот.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45698
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе на повеќе од 10 локации

21/09/2026

Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy