Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска дел од вработените во ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ излегуваат на мирен протест
Македонија

Денеска дел од вработените во ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ излегуваат на мирен протест

20/02/2023

AA

Претставници на синдикални организации на вработени во здравствениот сектор денеска пред ФЗОМ ќе побараат исплата на платите за јануари и ќе информираат за следните чекори доколку не ги добијат парите во текот на денов.

Најави за протест поради неисплатените плати има од докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар од ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава.

Јануарските плати на вработените во здравството доцнат поради хакираниот систем на Фондот. ИТ-системот на ФЗО прекина со работа на 6 февруари откако беше цел на сајбер-напад.

ФЗО во четвртокот побара сите јавни здравствени установи да достават податоци за вработените за да може да им се исплати плата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека доколку до понеделник не се реши проблемот, платите за здравствениот кадар ќе се обезбедат од Централниот трезор, а потоа ќе се порамнат со трезорот на Фондот за здравствено осигурување.

Уверување дека ќе биде надминат проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување, вчера искажа и премиерот Димитар Ковачевски. Во интервју за МИА кажа дека се ангажирани домашни и експерти од земјите – членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, како што истакнува, се заштитени и апелира на смиреност, а се прават и напори да им бидат исплатени платите на здравствените работници. Пари во Буџетот за исплата на плати има, тврди Ковачевски.

– Јас го разбирам револтот на здравствените работници. Прво, имаше информации дека немало пари во Буџетот. Пари во Буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на којшто се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови. Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот тоа да може да се направи од централниот трезор што е комплицирана работа, меѓутоа на која што се работи, изјави Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy