Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Делови од оштетеното руско летало паѓаат во океанот, екипажот се уште е во вселената
Македонија

Делови од оштетеното руско летало паѓаат во океанот, екипажот се уште е во вселената

19/02/2023

AA

Делови од оштетениот руски вселенски брод Прогрес МС-21 потонаа откако леталото беше контролирано соборено над Тихиот Океан, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос, пренесува агенцијата Интерфакс.

„Денес Прогрес МС-21 беше исфрлен од орбитата, влезе во атмосферата и се распадна. Неизгорените елементи на структурата паднаа во непловен дел од Тихиот океан“, се вели во соопштението.

Товарниот брод „Прогрес“ се приклучи на Меѓународната вселенска станица (ISS) во октомври 2022 година.

На 11 февруари 2023 година, беше откриено истекување во капсулата, која веќе беше исполнета со отпад, што резултираше со губење на течноста за ладење.

Во саботата шатлот беше откачен, свртен и фотографиран однадвор.

Не е констатирана видлива штета.

И покрај тоа, владината комисија одлучи да го собори леталото како мерка на претпазливост.

Протекување има и на друг вселенски брод, екипажот треба да чека да се врати друг брод

Руските инженери моментално се справуваат со друг сличен проблем на ISS, бидејќи во декември беше откриено и истекување на вселенското летало Сојуз МС-22.

МС-22 требаше да го врати екипажот на ISS на Земјата.

Космонаутите Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин, како и астронаутот на НАСА, Френк Рубио, сега мора да го чекаат следниот брод, кој треба да лансира во вселената од космодромот Бајконур во Казахстан во март 2023 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45708
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy