Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сакате војна со цела Струмица? Ќе ја добиете! Градоначалникот Костадинов најавува зголемен инспекциски надзор по пожар во коритото на Крива Река
Македонија

Сакате војна со цела Струмица? Ќе ја добиете! Градоначалникот Костадинов најавува зголемен инспекциски надзор по пожар во коритото на Крива Река

28/02/2025

AA

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, остро реагираше по избувнувањето на пожар во речното корито на Крива Река, во близина на селото Дабиље, испраќајќи порака дека нема да преговара со „бандити“ и најавувајќи засилени мерки за справување со загадувањето.

Според извештаите на општинските инспектори, пожарот бил пријавен во петок, 28 февруари, по што на терен излегле инспектори за животна средина заедно со екипи од противпожарната единица и комунални инспектори. На самото место била затекната голема површина на горење, зафатена не само со растителна маса, туку и со отпад од пластика, гума и најлон, што предизвикало густ, црн чад.

На местото на пожарот не биле затекнати лица што би можеле да помогнат во истрагата, а поради зачестените случаи на палење земјоделски стрништа во овој период од годината, Општина Струмица побарала Државниот инспекторат за земјоделие да спроведе вонредни контроли.

Како дел од мерките за спречување на вакви инциденти, Општината најави зголемени инспекциски надзори во попладневните и вечерните часови, а ќе биде активиран и дрон на противпожарната станица за ноќен надзор.

Костадинов порача дека борбата против загадувањето ќе продолжи со засилена контрола и акција, предупредувајќи дека Општина Струмица нема да толерира вакви случаи на уништување на животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Марш на ангелите“ во Штип: Семејствата на настраданите во „Пулс“

18/04/2026
Македонија

ЈАСНИ ПРАВИЛА ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО, УВОЗОТ, КОНТРОЛАТА И УПОТРЕБАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ

18/04/2026
Македонија

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана

18/04/2026
Македонија

ЏАБЕ СЕ „КРОКОДИЛСКИТЕ СОЛЗИ“, ЏАФЕРИ ГО ЗАПЕЧАТИ ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА АЛБАНСКИОТ

18/04/2026
Македонија

РАЗУМНО Е ДА СЕ ОЧЕКУВА ЈАСНОСТ И КОНЗИСТЕНТНОСТ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ

18/04/2026
Македонија

Од поројни дождови до нула степени – временски пресврт до

18/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПАК УФИЛМАН, ГО СЛЕДЕЛ „ПРИВАТЕН МОСАД“ Бихаќка обвинува дека

18/04/2026
Македонија

Владата ги продолжи олеснувањата за горивата: Цените се намалуваат, акцизите

18/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42626
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Марш на ангелите“ во Штип: Семејствата на настраданите во „Пулс“ бараат правда наместо изговори

18/04/2026

Под мотото „Не бараме изговори, туку правда“, во Штип се одржа 41-виот по ред „Марш на ангелите“. Родителите и блиските

ЈАСНИ ПРАВИЛА ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО, УВОЗОТ, КОНТРОЛАТА И УПОТРЕБАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СРЕДСТВА Европски закон за посовремен

18/04/2026

Министерството за здравство го објави предлог-законот за медицински средства на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана

18/04/2026

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска истакна дека неговата интерпелација е неиздржана. „Опозиција која е безидејна, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy