
Деца убиени пред училиште во Чикаго: Излегле од автомобил и пукале во учениците
Двајца тинејџери во Чикаго им подлегнале на повредите откако биле застрелани додека го напуштале училиштето.
Момчињата на 16 и 17 години биле меѓу групата ученици кои ја напуштале зградата на експерименталната гимназија во петокот околу 12:25 часот по локално време кога биле убиени , соопшти полицијата во Чикаго .
Маскирани осомничени напаѓачи излегле од две возила и пукале во група студенти , соопшти полицијата, пренесува АП.
Момчињата починале во болница.
Досега никој не е уапсен .
