Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дебаклот е комплетиран: Заврши европската одисеја за Јунајтед (ВИДЕО)
Спорт

Дебаклот е комплетиран: Заврши европската одисеја за Јунајтед (ВИДЕО)

12/12/2023

AA

Она што беше најавено пред две недели, се оствари денеска, во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед на домашен терен загуби од Баерн со 0-1 и го освои последното место во својата група со што го заврши својот настап на европска сцена за оваа сезона. Стрелец на единствениот гол беше Коман во 71. минута, а Јунајтед во ниеден момент не беше ни блиску до победа на овој меч.

Заедно со Баерн, во осминафиналето оди и Копенхаген кој пред своите навивачи го победи Галатасарај со 1-0, во директниот дуел за второто место во групата.

Исклучително интересно беше во групата Д каде имаше две пресметки што директно одлучуваа за изгледот на табелата. Од претходното коло беше познато дека Сосиедад и Интер одат во осминафиналето, но меѓу себе, овие две екипи требаше да одлучат кој ќе го освои првото место. Мечот заврши без голови, на задоволство на шпанскиот тим кој поради победата против Интер на домашен терен ја задржа челната позиција. Бенфика оди во Лигата Европа по победата со 3-1 на гости кај Салцбург. До 92. минута, беше 2-1 за португалскиот тим, резултат кој му одговараше на домаќинот поради победата со 2-0 во Лисабон, но Кабрал во судиското продолжение постигна гол и ѝ го продолжи на Бенфика настапот на европска сцена.

Реал Мадрид е првиот тим кој ја заврши групната фаза оваа сезона со максимален број бодови. Утре може да му се придружи Манчестер Сити ако успее да ја победи Црвена Звезда во Белград.

РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
Манчестер Ј. – Баерн 0-1
Копенхаген – Галатасарај 1-0
ТАБЕЛА: Баерн 16 бода, Копенхаген 8, Галатасарај 5, Манчестер Ј. 4

ГРУПА Б
ПСВ – Арсенал 1-1
Ленс – Севиља 1-1
ТАБЕЛА: Арсенал 13 бода, ПСВ 9, Ленс 8, Севиља 2

ГРУПА Ц
Унион Берлин – Реал 2-3
Наполи – Брага 2-0
ТАБЕЛА: Реал 18 бода, Наполи 10, Брага 4, Унион Берлин 2

ГРУПА Д
Интер – Сосиедад 0-0
Салцбург – Бенфика 1-3
ТАБЕЛА: Сосиедад 12 бода, Интер 12, Бенфика 4, Салцбург 4

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари

20/08/2026

Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy