Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Данокот за солидарност и законите за ДДВ и на добивка утре повторно на владина седница, во Собранието ќе се носат со европско знаменце
Македонија

Данокот за солидарност и законите за ДДВ и на добивка утре повторно на владина седница, во Собранието ќе се носат со европско знаменце

10/07/2023

AA

Предлог на законот за данокот на солидарност, измените и дополнувањата на законите за данок на додадена вредност и на добивка утре повторно ќе се најдат на владина седница, по што ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце, потврди вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за ТВ 24.

– Ние данокот на солидарност го воведовме дополнително, но не како дел од даночната реформа, туку дополнително затоа што се работи за еднократен данок, што ќе важи само еднаш. Се следи примерот на некои земји во ЕУ. И препорака беше за земјите членки во ЕУ, како што е Велика Британија сега не е во ЕУ, но тој пример го користи Украина, Италија, Хрватска и други земји што применија таков закон и ние по широка дебата и дискусија дадовме таков предлог, рече Бесими. .

Другите два закони, како што додаде, беа дел од даночната реформа. Бесими објасни зошто биле повлечени овие три закони од Собранието.

-Ние минатата недела преку Влада побаравме да се повлечат овие три закони, затоа што реков од ноември стојат во Собрание, воопшто не е отворена дискусија на Комисијата за финансирање на буџет и веќе беа планирани како ќе се рефлектираат во Буџетот, рече министерот за финансии додавајќи дека нив ги има и во сите директиви, во препораките на ЕК и во сите официјални документи.

Бесими посочи на денешната одлука на Економскиот совет (Советот за општи работи на ЕУ) којшто ја помина макрофинансиската поддршка за нашата земја – 100 милиони евра кои беа поврзани со програмата што ја имаме со ММФ.

-Ние сме единствена земја што добиваме ваква буџетска поддршка со поволни услови. Меѓутоа ние потпишуваме Меморандум за соработка со ЕУ токму за тие 100 милиони, рече Бесими потенцирајќи дека токму овие три закони се поврзани со стоте милиони евра поддршка и имаме усогласено директиви поврзани со нив.

Според него, корисно е во Собрание да се оди со европско знаме и да има дебата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy