Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали владината коалиција може да се зголеми со уште една партија?
Македонија

Дали владината коалиција може да се зголеми со уште една партија?

03/03/2023

AA

По влезот на Алијанса за Албанците во Влада и можноста со себе во владејачкото мнозинство да го повлечат и стариот коалиционен партнер Беса, премиерот Димитар Ковачевски вели дека вратата е отворена за сите партии кои го поддржуваат европскиот пат на земјата.

Иако министерските места се пополнети, премиерот Ковачевски вели дека сите партии имаат можност на различни нивоа и функции да учествуваат во власта.

Такви разговори нема во моментов меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на министри и заменици во реконструкцијата која заврши вчера кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии, поединци и организации кои сакаат да се приклучат на европскиот сојуз, кои сакаат да учествуваат во носењето одлуки за побрзо зачленување на државата во Европската Унија и кои ќе значат носење побрзо и поефикасно на реформските закони за сите значајни области од владеењето на правото, економските мерки и така натаму во Собранието. Доколку која било партија оцени, врз основа на своите програмски определби, врз основа на својата визија, врз основ ана своите одлуки дека сака да биде дел од оваа Влада, тогаш вратата е отворена. И сега во Владата има владини партнери кои немаат министерски места, но се дел од владиното мнозинство. Тие согласно своите кадровски потенцијали, согласно својата определба учествуваат во партиципирањето на власта на различни нивоа и низ различни функции таму каде што сметаат дека најмногу и најдобро може да ги искористат и кадрите со кои располагаат но и програмите што ги затапуваат – рече Ковачевски.

Тој уште еднаш повтори дека има партии кои декларативно се за европскиот пат на државата, но не гласале ниту една одлука.

Она што мене најмногу ме загрижува и искрено кажано како граѓанин најмногу ме погоди е што при гласањето на ратификацијата на договорот за Фронтекс, каде што првпат македонскиот јазик стои заедно со сите други јазици на ЕУ на еден договор, не се случило претходно. На таа ратификација пратениците на ВМРО – ДПМНЕ не најдоа за сходно ниту да влезат во салата за време на гласањето – вели Ковачевски.

Поширока владина коалиција за него значи разноликост во програмите и можност секоја од партиите да се докаже во областите за кои смета дека има соодветен кадар.

Партијата Беса, пет дена пред вториот круг од локалните избори во 2021 година, коалицираше со Алијанса за Албанците, која сега е дел од Владата на Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy