Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Да му се одземе пасошот на сопственикот на „Ритрон копи“ предлага ОЈО
Магазин

Да му се одземе пасошот на сопственикот на „Ритрон копи“ предлага ОЈО

26/12/2024

AA

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице односно птови претседателот на Управниот одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија“ и сопственик и неговата компанија за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело –  Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.

Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИОРИТЕТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ БИЛ ДА СПАСУВААТ ЛУЃЕ, НЕ ДА ГАСНАТ

13/10/2026
Македонија

НЕЧОВЕЧКИТЕ УСЛОВИ ВО ПСИХИЈАТРИСКИТЕ УСТАНОВИ МОРА ДА СТАНАТ МИНАТО Реконструирано

13/10/2026
Македонија

ГРУБИ ДЕНЕСКА ИЗЛЕГУВА ОД КУЌЕН ПРИТВОР Понуди гаранција од 335.707

13/10/2026
Македонија

КОЧАНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА МИХАИЛОВА Судот може да издаде

13/10/2026
Македонија

ДЕТЕ ОД 9 ГОДИНИ ПРЕТЕПАНО НА ИГРАЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Mалолетници

13/10/2026
Македонија

JA ПРОГОЛТАЛ ДРОГАТА ДОДЕКА БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА Морале да го

13/10/2026
Македонија

И БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДУВА ОД СЛУЧАЈОТ Не знаеле како

13/10/2026
Македонија

📽️ ДРОГА ВО БОМБОНИ, ТАБЛЕТИ И ВО ГЕЛ НА ТАБАНОВЦЕ

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46135
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИОРИТЕТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ БИЛ ДА СПАСУВААТ ЛУЃЕ, НЕ ДА ГАСНАТ ВО „ПУЛС“ Купот заглавени луѓе

13/10/2026

Влезната врата на дискотеката „Пулс“ била целосно блокирана од заглавени лица до височина од главата на пожарникарот, а за извлекување

НЕЧОВЕЧКИТЕ УСЛОВИ ВО ПСИХИЈАТРИСКИТЕ УСТАНОВИ МОРА ДА СТАНАТ МИНАТО Реконструирано одделение во Психијатриска болница Бардовци

13/10/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2″

ГРУБИ ДЕНЕСКА ИЗЛЕГУВА ОД КУЌЕН ПРИТВОР Понуди гаранција од 335.707 евра

13/10/2026

Поранешниниот вицепремиер Артан Груби, кој е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, денеска излегува од домашен притвор, бидејќи истекува максимално предвидениот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy